Абелисаурус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Абелисаурус
Abelisaurus
Период: Доцна креда, Предлошка:Опсег на фосили
Abelisaurus skull.jpg
Реконструкција на черепот „Абелисаурус“ со оригинални коски на холотипот. Скала = 10 см
Научна класификација
Типски вид
Abelisaurus comahuensis
Бонапарта & Новас, 1985
Синоними

Абелисаурус (Abelisaurus) е од родот на диносаурусите наречени абелисаурус, кои живееле во доцниот период на креда во Јужна Америка, (Аргентина).

Тој бил месојад со две нозе, веројатно долг околу 7-9 метри. Големината е одредена само со истражувањето на черепот, единствениот познат дел од скелетот.[1].

Опис и име[уреди | уреди извор]

Општото име потекнува од Роберт Абел, откривач и поранешен директор на Музејот во Циполетија (Аргентина), каде што е пронајден примерокот. Името значи „гуштер на Авел“ (од грчки саурос - гуштер). Черепот на абелисаурус Потекнува од регионот Комахју во Аргентина, каде што се пронајдени остатоците. Ова име го дале аргентинските палеонтолози Хозе Бонапарта и Фернандо Новас во 1985 година, кои гокласифицирале во новооткриеното семејство на Абелисаурус[2].

Наоди од фосили и детерминизација[уреди | уреди извор]

Абелисаурус е еден од многуте диносауруси откриени во Патагонија . Првично се мислело дека потекнува од формацијата Ален, но систематските истражувања довеле до заклучок дека тој припаѓал повеќе на формацијата Анаклето во провинцијата Рио Негро (Аргентина). Тоа е јужноамериканска геолошка формација која е датирана од периодот на рана креда, пред 83 до 80 милиони години[3].

Класификација[уреди | уреди извор]

Веќе се откриени многу други Авелисаури, вклучувајќи комплетни скелети на Акасаурус, Карнотаурус и Мајунгасаурус. Некои научници сметаат дека Абелисаурус е основен претставник на оваа група, надвор од потсемејството карнотаурус. Другите се помалку сигурни во неговата класификација Авелисаурите имаат некои карактеристики на черепот со кархародонтосаурусите, и бидејќи Абелисаурус е познат само од черепот, иднината може да покаже дека тој всушност бил еден од кархародонтосаурусите. Сепак, ова не се смета за веројатно.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Abelisaurus“. Архивирано од изворникот на 2020-11-17. Посетено на 2021-02-26.
  2. „Abelisaurus“. Архивирано од изворникот на 2020-10-21. Посетено на 2021-02-26.
  3. Abelisaurus pictures and facts

Надворешни врски[уреди | уреди извор]