Џек Ричер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Џек Ричер (англиски: Jack Reacher) е американски филм, во режија на Кристофер Меквири. Главните улоги ги толкуваат: Том Круз, Росамунд Пајк и Ричард Џенкинс.

Содржина[уреди | уреди извор]

Еден провинциски град доживува ужас, кога се слушаат шест истрели од кои има петмина убиени. За неколку часа, полицијата го решава случајот, меѓутоа, обвинетиот вели дека фатиле погрешен човек, порачувајќи: „Фатете го Ричер за мене“. Тука пристигнува поранешниот воен иследник Џек Ричер (го игра Круз), кој го познава човекот кој навистина пукал во луѓето. Станува збор за обучен воен снајперист, кој никогаш не смее да промаши истрел.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 852, 24.10.2014, стр. 21.