Љауто

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Глава на инканскиот буржуј со љаута и маскапаича (симболи на моќта)

Љауто (шпански: llauto, кечуански: llawt'u) е украсна облека кој се носел на главите од страна на најугледните членови на Инките. Поимот настанал од кечуанскиот збор љауту што значи „капа“, те. „украсен предмет за глава“.[1][2]

Општи карактеристики[уреди | уреди извор]

Според историчарите на култура и археолозите, овој украсен предмет претставува мезоамериканска варијанта на турбан, капа од фино платно чија должина изнесува до десетина метри. Се опишува како серија на волнените плетки. Носен е обоен со боите на Тавантинсују (Империјата).[3]

Како и турбанот, љауто е ткаен предмет, традиционално од волна на локалната дива лама. На основниот облик се додавале плетенки во три инкански бои. На челниот дел се наоѓала волнена трака маспаича, симбол на моќта. На предниот дел се наоѓале и други симболи, првенствено птицата планинска каракара. Спрема легендата, со цел на довикување на добра среќа, под овој предмет за облекување се држеле мали сушени жаби.[4]

Корисници[уреди | уреди извор]

Најзапазениот корисник на љаутата, поточно неговиот најскап и најраскошен примерок, бил Сапа Инка, инканскиот крал и „детето на Сонце“. На повеќето илустрации на владарите на овој народ од Средна Америка, на овај предмет за облекување може да се видат главите на регнантите. Од посебните случаи, познато е дека последниот цар на Атавалпа нарачак љауто направен од кожа од вампирски лилјаци за секој член за поширокото семејство.[5]

Овој предмет за облекување најчесто го носеле машките, но постојат записи дека го носеле и жени, посебно кралицата. Љауто, кој конкистадорите од Шпанија првобитно го нарекле барлас, бил еден од првите асоцијации за Инките. После официјалниот пад на инканското царство од 1533, обичниот народ почнал да носи капи и туники слични на царските.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Diccionario Quechua - Español - Quechua. Cusco: Academía Mayor de la Lengua Quechua. 2005.
  2. Diccionario Bilingüe Iskay simipi yuyayk'ancha. La Paz: Teofilo Laime Ajacopa. 2007.
  3. „llautu, llawtu“. Inca Shamanic Glossary. Посетено на 1 септември 2013.
  4. Senchyshyn Trever, Lisa (2005). Slithering Serpents and the Afterlives of Stones (PDF). College Park: University of Maryland.
  5. „The Incas of Peru >> The Inca's life“. Inka Wasi Travel. Архивирано од изворникот на 12 ноември 2013. Посетено на 1 септември 2013.
  6. Pollard Rowe, Ann; A. Meisch, Lynn (2011). Costume and History in Highland Ecuador. Austin: University of Texas Press. ISBN 978-0292725911.

Литература[уреди | уреди извор]