Јован Гиноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јован Трпков Гиноски е македонски револуционер, галички војвода на ВМОРО, учесник во Илинденско востание

Биографија[уреди | уреди извор]

Јован Трпков Гиноски е роден во 1860 година во Галичник. Се школувал во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“[1]. По занает бил мајстор претприемач. Бил реонски начелник на ВМОРО во галичко-реканската околија до 1 јули 1903 година.[2]

Kакo реонски началник и организатор на галичко-реканскиот револуционерен реон тој се покажал како голем организатор и многу тактичен во своите дејства.

На 16 септември 1913 година бил убиен во Дебар на најѕверски начин од страна на Србите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија Македоника, стр. 359, МАНУ, Скопје, 2009 г.
  2. Реканско Галички војводи, превземено од http://mn.mk