Алексо Гиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алексо Гиновски
Роден(а)1851
Галичник, Реканско
Починал(а)1894
?
НационалностМакедонец
Занимањеиконописец, фотограф, копаничар
Познат(а) поцркви и манастири
Значајни делаво текстот
Роднини (браќа)

Александар (Алексо) Крстев Гиновски или Ѓиноски (1851 - 1894) — македонски иконописец, фотограф и копаничар, претставник на Дебарската школа.[1] и брат на прочуениот преродбенички деец Панајот Гиновски. Творел заедно со своите браќа во Србија и Црна Гора.

Живот и дела[уреди | уреди извор]

Алексо е роден во реканската паланка Галичник како најмал син на зографот и копаничар Крсте Петров Гиновски.[1]. Заедно со браќата Васил и Теофил се населил во Нови Пазар, Србија.[1] Таму отворил фотографско ателје и станал првиот професионален фотограф во тој крај.[1][2]

Икоонстасот во „Св. Никола“ во Нови Пазар, 1876 г.
Ктиторскиот натпис од Будисавскиот манастир, дело на Васил и Алексо Гиновски, 1874 г.

Во 1876 г. Васил, Теофил, Алексо[3] и Панајот Гиновски[4] го насликале иконостасот на црквата „Св. Никола“ во Нови Пазар (1871). Колективното авторство се потврдува во натпис на иконата на Исус Христос на владичкиот престол, кој вели дека во 1876 година за време на митрополитот Мелентиј Рашко-призренски е насликан иконостасот и архијерејскиот престол од „Браћа Кр. Даскаловићи Ђиноски од с. Галичника Нахје Дибарске“. Браќата Гиновски создале опширна програма икони. Иконостасот е замислен како висока триредна олтарна преграда со монументални димензии. Ова е и најобемното и најсложено ликовно дело на браќата, и една од најсложените олтарни предгради во српските цркви од XIX век.[3] Се состои од 107 икони со нерамномерен квалитет; најуспешни се престолните икони и неколку старозаветни сцени на парапетни плочи.[5]

Подоцна Теофил, Алексо и Васил со син му Миливој занимале за Црна Гора, при што Васил бил предводник на тајфата. Гиновци претставуваат најважните и најдоминантните иконописци на новото духовно сликарство на Црна Гора. Насликале вкупно 90 иконостаси, притоа покажувајќи висок уметнички и иконографски квалитет.[3]

Алексо Гиновски починал во 1894 г.[2]

Родословие[уреди | уреди извор]

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Гино
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Петар Гинов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Иван Петров
 
Михаил Петров
 
Нестор Петров
 
Крсте Петров
(? — 1886)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Трпко Иванов
(1849 — ?)
 
Караџа Иванов
 
Иван Иванов
 
Алексо Крстев
(1851 — 1894)
 
Василиј Крстев
(? — 1924)
 
Теофил Крстев
(? — 1894)
 
Панајот Крстев
(1842 — 1886)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Јован Трпков
(1878 — 1908)
 
Велимир Караџов
(1912 — ?)
 
Тома Иванов
 
Коста Иванов
 
Миливој Василев
 
 
 
Велимир Панајотов
 
Љубомир Панајотов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Владимир Костов
(1927 — 2014)
 
 
 
 
 
 


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 232.
  2. 2,0 2,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 358. ISBN 978-608-203-023-4.
  3. 3,0 3,1 3,2 Макуљевић, Ненад (2015). „Делатност дебарских и самоковских зографа у Босни и Херцеговини, Црној Гори и Северној Србији у XIX веку“ (PDF). Проблеми на изкуството. 48 (4): 20.[мртва врска]
  4. Макуљевић, Ненад (2015). „Делатност дебарских и самоковских зографа у Босни и Херцеговини, Црној Гори и Северној Србији у XIX веку“ (PDF). Проблеми на изкуството. 48 (4): 23.[мртва врска]
  5. „Црква Св. Николе“. Информациски систем непокретних културних добара. Занемарен непознатиот параметар |access= (се препорачува |access-date=) (help); Недостасува права црта во: |access= (help)