Прејди на содржината

Јањевци

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јањевци се јужнословенски етничко-културна подгрупа на хрватскиот народ. Тие формираат етничко малцинство во Косово, провинција со нерешен статус де јуре во составот на Република Србија. Сконцентрирани се во две помали области во Косово. Имаат и своја политичка партија.

Јањевците' се Хрватски доселеници во Косовскиот град Јањево и околните села (Окосница и Шишарка) , сместени во општина Липљан во близина на Приштина исто како и селата како Летница во близина на Витина (Шашаре, Врнез и Врнавоколо).

Потекло и историја

[уреди | уреди извор]

Јањевците се специфична група во еден од двете регионални заедници во Косово која национално се идентификува како Хрвати. Тие спаѓаат во групата Јужни Словени и се верува дека се потомци на трговци кои се доселиле во Косово во текот на 14 век од Дубровник, Хрватска. Тие ја задржале својата Католичка вера низ сите векови.

Првото споменување на ова место е од папата Бенедикт Дванаесетти во 1303 година, споменувајќи го Јањево како центар на Католичката црква Свети Никола.

Поради зголемените антихрватски реторики и војните во Српските медиуми, посебно во српските медиуми во Косово, во доцните 80-ти, и целиот притисок и инциденти од тоа, Хрватите од Јањево и Летница и останатите населени места, биле сè повеќе принудувани да го напуштаат Косово. Тие претежно мигрирале во Хрватска.

Вториот бран на напуштање на Косово, дошол во текот на Косовската војна.

Во 1992 година, некои граѓани од Летница, друго Хрватско село во Косово, емигрираа во Хрватска, а останатите илегално се сместија во напуштените домови на Србите во селата Вочин, Ѓуловац и Варешница во западна Славонија.

Повеќето Јањевци се доселија во Српските куќи во внатрешна Далмација во 1996 година. По враќањето на Српските бегалци, селото стана поделено помеѓу двете сопернички заедници. Јањевците од тогаш им ги вратија Српските куќи на нивните сопственици и изградија куќи за самите себе во новиот дел од Кистање наречено Ново Насеље или Нова Населба.

Јањевските фамилии почнаа да мигрираат во Хрватска во 50-тите, населувајќи се во Загреб. При почетокот на 7/тите, имаше голема заедница на Јањевците во Дубрава, градска населба на Загреб. Тие од тогаш ја претворија оваа населба во дистрикт за купување.

Население

[уреди | уреди извор]

Според податоците од 2002, има 966 Јањевски фамилии во Хрватска, од кои мнозинството од нив живеат во главниот град Загреб, а останатите во други делови на Хрватска.

Пред 1991, имаше 8,062 Јањевци во Косово. Во 1998 останале околу 1,300. По Косовската војна, во самото Јањево останале околу 350, останатите избегале во Хрватска.

Пост воената ситуација во Косово

[уреди | уреди извор]

Моменталната ситуација за Хрватите во Косово: 'По падот на Милошевиќ во Косово и со егзодусот на Србите од Косово, преживувањето на останатото Хрватско население стана несигурно. Албанците од соседните села ги тероризираат нив, и поради тоа Јањевците побараа помош од Хрватска.

Денешната ситуација

[уреди | уреди извор]

Во 2007, имаше околу 320 Хрвати кои живеат во Јањево. Заедницата пополека почна да бега во Хрватска, додека Албанците и Ромите ги купуваат нивните имоти во Јањево. Останатите Хрвати во Јањево дадоа поддршка за независно Косово, но тие рекоја дека ако околностите во Јањево не се поправат, тие сите ќе го напуштат Косово и ќе одат за Хрватска во една последна група.

Во општината Витина, каде што е селото Летница, има останато само 60 Хрвати, според Косовскиот попис од 2003 година.

На 28 јануари 2008, истиот ден кога Амнести Интернешнл го објави нивниот репорт за повреда на човековите права во Косово, претставникот на Хрватската заедница во Јањево, Никола Бркиќ, информираше дека домовите на два Хрвати, Лука Јожиќ и Рока Чибарлиќ, во селото Шишарка во близина на Јањево, биле оштетени.