Јасмина Ѓорѓиева
| Јасмина Ѓорѓиева | |
|---|---|
| Роден/а | 21 август 1977 Титов Велес, СР Македонија, СФРЈ |
| Занимање | Поет |
Јасмина Ѓорѓиева (Титов Велес, 21 август 1977) — македонска писателка. Живее и работи во Велес.
Животопис
[уреди | уреди извор]Јасмина Ѓорѓиева била родена 21 август 1977 година во Велес. Своето средно образование го има завршено во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес. Со поетско творештво, таа почнала да се занимава од првите школски години. Активен член е на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес. Како поет, таа учествувала и на многу поетски манифестации во градот, на Детски Рацинови средби и многу поетски книжевни манифестации во Македонија. Застапена е во повеќе зборници, алманаси и заеднички збирки поезија. Нејзините последни три дела се поддржани и финансирани од Министерството за култура на Република Македонија. Земала учество на многу наши и меѓународни конкурси каде што е и често наградувана. Модератор и промотор на многу поетски настани организирани од клубот на писатели.
Творештво
[уреди | уреди извор]Автор е на следниве книгиː
- „Љубовта на младите“, поезија (1992)
- „Скриена игра“, поезија (1995)
- „Дијалог со срцето“, поезија (2013)
- „Разбојот на соништата“, поезија (2014)
- „Срцето на една жена“, роман (2020)[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Срцето на една жена :: COBISS+“. plus.cobiss.net. Посетено на 2024-01-20.