Јазли со лук

Од Википедија — слободната енциклопедија

 

Лук јазли во сад за фрлање

Јазлите со лук се еден вид на леб со лук кој се наоѓа првенствено во пицериите кои се низ Њујорк и низ околните региони. Тие беа развиени во 1940-тите во Бруклин. Многу пицерии тврдат дека се родоначалници на печивото.[1]

Бидејќи тие се начин да се искористат остатоците, јазлите од лук имаат тенденција и да бидат најевтината ставка која е на менито во пицеријата, често пати обезбедени како комплементарни со поголеми нарачки.

Изработка на јазли од лук[уреди | уреди извор]

Јазлите од лук обично се прават и од тесто за леб. Тестото се рола, а потоа се влече на мали, тесни јазли,а претходно се пече во рерна за пица. Јазлите потоа се потопуваат или изобилно се четкаат со мешавина од масло, пармезан и сечкан лук; варијациите може да вклучуваат ситно сечкан магдонос, сушено оригано или црн пипер . Пред сервирање, јазлите од лук се печат и по втор пат, а може и да бидат придружени со сос од маринара.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Delicious Homemade Pizza Start to Finish: Pizzas, Calzones, Pizza Rolls, and Garlic Knots. Tom Carroll, Ben Carroll. 117 pag. ASIN: B07XJGJHWS
  2. Gourmet Italian: All-Time Favorite Recipes- 2012 - Gourmet Magazine- 192 pag. ISBN 0547843682, ISBN 978-0547843681