Ѓошо Бојаџиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓошо Бојаџиев (1892-1956)

Ѓошо Бојаџиев е роден 1 Мај 1892 година во с. Ваташа, основно образование завршува во с. Ваташа а нижа гимназија завршува во Гевгелија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Уште од најраната младост се приклучува кон движењето за ослободување на Македонија. Во 1913 година заедно со брат му Александар Бојаџиев учествуваат во Тиквешкото востание во кои брат му Александар загинува, а по угушување на востанието Ѓошо од страна на српските буржуаски власти заедно со Диме Пинџуров се мобилизирани и се испратени по фронтовите на Цер и Колубара во првата светска војна. Од страна на Австроунгарската војска Ѓошо е заробен и однесен во логор во Австрија. По завшување на првата светска војна во 1918 година Ѓошо сега како прекален револуционер се враќа во с. Ваташа и веднаш се поврзува со пријателите од Тивкешкото востание. Ристо Михов со кого се подготвуваат за основање на Работничка партија Комунисти. На локалните избори во 1920 година Ѓошо и Ристо Михов се избрани за одборници а Ристо Михов е избран за претседател на општината во тоа време наречена Црвена Комуна. Српската буржуаска власт гледајќи каков замав зема работничкото движење го донеува законот државата (обзнана) со кој ја забранува работата на комунистичката партија. Ристо Михов ја губи државната служба а Ѓошо Бојаџиев емигрира во Бугарија и во бугарија Ѓошо продолжува во револуционерните активности така што во 1926 година е извршено масовно убиство на неколку илјади македонски патриоти меѓу кои е фатен и Ѓошо Бојаџиев но успева да побегне и со фамилијата да се врате во с. Ваташа.

На парламентарните избори во 1938 година Ѓошо заедно со Страшо Пинџур, Тошо Кимов, Тошо Велков-Пепето и други вршат широка агитација за Илија Чулев за пратеник во Белград. Вредно е да се напомене дека активностите (состаноците) се одвивале во куќата на баба Наца и куќата на Ѓошо Бојаџиев во с. Ваташа а во Кавадарци во берберницата и куќата на Пане Шахпазов и куќата на Ифтим Поцев од кои куќи подозна произлегоа Лазо и Ване Шахпозов и Диме и Рада Поцеви првоборци за ослободување на македонски народ. Во 1939 година Ѓошо Бојаџиев е член на обновената партиска организација. Кон крајот на 1940 година во Кавадарци е формиран месен комитет на кој членува Ѓошо Бојаџиев. По 6 април 1941 година Ѓошо со Страшо Пинџур организираат акција за собирање на оружје и друг воен материјал. Во почетокот на 1942 година во куќата на Ѓошо Бојаџиев е сместена илегална техника на главниот штаб на НОБ и ПОМ кој од Прилеп ја донел Борка Талески кој заедно со Ристо Џунов неколку дена остануваат во с. Ваташа како инструктори. На враќање за Прилеп Борка Талески загинува кај с. Плетвар. Во куќата на Ѓошо покрај пропаганден материјал отпечатен е и билтенот на главниот штаб на НОБ и ПОМ и основи на Ленинизмот. Во летото на 1942 година во лозјето на Ѓошо Бојаџиев во месноста Катуниште престојуваат како илегалци Димката Ангелов-Габерот и Мито Хаџи Василев-Јасмин. Ѓошо Бојаџиев во континуитет од тиквешкото востание па до конечно ослободување на Македонија во сите поважни настани кои се како гордост на Кавадарци е организатор и директен учесник, а во НОБ ја вклучува и сопругата Маријка Бојаџиева и синовите Љупчо, Цандо и Димо.

По ослободувањето ново печените ослободители почнале да ги апсат, пекалените револуционери во с. Ваташа. Јавно ги суделе во с. Ваташа, Рочко побегнал во Чехословачка ги уапсиле еснафите од триесет и седми калибар Лазо Шахпазов и други. Тогаш Ѓошо Бојаџиев им се заблагодарува на новите ослободители и се повлекува од политичкиот живот.

Ѓошо Бојаџиев загинува на 5 Септември 1956 година во месноста Градот при уривање на ридот. Судбината сакала и на Ѓошо Бојаџиев, Диме Пинџуров и Страшо Пинџур да не му се знае гробот.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Музеј галерија -Кавадарци
  • Научен собир-Тиквешија во НОБ 1941-1945
  • Кавадарци меѓу двете светски војни
  • Музеј Галерија на град Јакурида Пиринска Македонија
  • Жините во НОБ
  • Изјави преку медиумите на истакнати Борци