Зајак

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зајак - животно од редот глодачи.

Видови зајци[уреди | уреди извор]

Зајакот-дупкар спаѓа во редот зајакообразни цицачи и во семејството зајци, во која се вбројува и обичниот зајак. Домашните видови настанале од дивиот зајак-дупкар. Потекнува од Европа, но денес го населува целиот свет, освен на Антарктикот и некои острови во Југоисточна Азија. Се среќава во тревни или шумовити предели, како и во обработени полиња. Достигнува должина од 40 сантиметри и тежина од 2 кг, а жиивее од три до шест години. Половата зрелост ја постигнува на возраст од околу четири месеци и се спарува во текот на пролетта и летото. По едномесечен период на носење, женката раѓа две до седум малечки, и тоа, четири до пет пати во текот на годината. Младенчињата се раѓаат слепи и без влакна, во дувло ископано во земјата, на меко легло прекриено со влакна од мајката. Зајакот-дупкар е тревојадец. Тој се храни со трева, корења, лисје и кора од дрвјата. Поради тоа забите му се трошат и горните секачи постојано му растат.

Зајакот во литературата и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Зајакот како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

  • „Белиот зајак“ – турска народна приказна.[1]
  • „Сопственикот на полето и зајакот“ – приказна на африканското племе Басумбва.[2]
  • „Леопардот и зајакот“ – приказна на африканското племе Кикуију.[3]
  • „Човекот, лавот и зајакот“ – приказна на африканското племе Басумбва.[4]
  • „Како зајакот го убил нилскиот коњ“ – приказна на африканското племе Акамба.[5]
  • „Зајакот и мангустата“ – приказна на африканското племе Свахили.[6]
  • „Зајачка одмазда“ — басна на Ристо Давчевски.[7]
  • „зајците и жабите“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[8]
  • „зајците и лисиците“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[9]
  • „Лавот и зајакот“ - басна на Езоп.[10]
  • „зајците и жабите“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[11]
  • „Зајакот и желката“ - басна на Емброуз Бирс.[12]
  • „Чудно чудо“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[13]
  • „Зајко, зајко од дупката!“ (српски: Зека, зека из јендека!) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[14]
  • „Ти си само плашлив зајак“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски.[15]
  • Зајче безопавче“ - збирка песни за деца на македонскиот писател Васил Куноски.[16]
  • „Зајаче“ — песна на Васил Куноски.[17]
  • „Зајакот и желката“ — басна на Лафонтен.[18]
  • „Нединото зајаче“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.[19]
  • „Зајко ловец“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[20]
  • „Современо зајаче“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[21]
  • „Чудни се луѓето“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[22]

Зајакот како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Зајко кокорајко“ — македонска народна песна.[23]
  • „Јас сум зајак“ (англиски: I Am A Rabbit) — песна на американската рок-група Лемонхедс (Lemonheads) од 1989 година.[24]
  • „Бел зајак“ (англиски: White Rabbit) — песна на американската рок-група Jefferson Airplane од 1967 година.[25]

Зајакот како тема во филмот[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бели зец“ во: Турске бајке. Београд: Народна књига, 1978, стр. 127-144.
  2. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 179-182.
  3. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 135-138.
  4. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 183-184.
  5. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 148.
  6. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 119-121.
  7. Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 44.
  8. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 27-28.
  9. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 36.
  10. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 82-83.
  11. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 50.
  12. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 51.
  13. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 108-109.
  14. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 95.
  15. Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 73-74.
  16. Васил Куноски, Зајче безопавче, Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга и Детска радост, Скопје, 1980.
  17. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 76.
  18. Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 18.
  19. Ванчо Николески, Чудотворен кавал, Мисла, Наша книга, Детска радост, Култура, Македонска книга, Скопје, 1993, стр. 28-33.
  20. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 12.
  21. Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 22.
  22. Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 33.
  23. Macedonian Folklore Classics, Aleksandar Sarievski. Macedonian Radio and Television.
  24. Lemonheads* – Lick (посетено на 25 мај 2022)
  25. YouTube, Jefferson Airplane - Surrealistic Pillow (1967) FULL ALBUM Vinyl Rip (пристапено на 24.12.2017)
  26. IMDb, Who Framed Roger Rabbit (1988) (пристапено на 6.12.2015)