Rolls-Royce Phantom (2003)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Погледајте и Rolls-Royce Phantom за други модели со исто име
Rolls-Royce Phantom
2003-2008 Rolls-Royce Phantom 01.jpg
Произведувач Rolls-Royce
Матично претпријатие Групација BMW
Производство 2003-present
Склопување Гудвуд, Западен Сасекс, Англија
Претходник Rolls-Royce Silver Seraph
Класа голем луксузен автомобил
Тип на каросерија кабриолет (2 врати)
седан (4 врати)
Распоред ППЗВ
Мотор 6,75 Л V12 453 кс (338 kW)
Пренос ZF 6-брзински автоматски
Меѓуоскино раст. 3571 мм
Продолжена верзија: 3820 мм
Должина 5834 мм
Продолжена верзија: 6091 мм
Ширина 1989 мм
Висина 1633 мм
Нетоварена тежина 2485 кг
Сродни Rolls-Royce Phantom Drophead Coupé
Конструктор Марек Ѓорѓевиќ
Ијан Камерон

Rolls-Royce Phantom („Ролс-Ројс Фантом“) е ултралуксузен автомобил од Rolls-Royce, филијала на BMW, во Обединетото Кралство. Бил лансиран во 2003 и е првиот модел на Rolls-Royce во сопственост на BMW.

Карактеристики[уреди]

Има 6,75 литарски, 48-вентилски, V12 мотор кој дава 453 кс (338 kW) и 720 N·m) момент на сила. Моторот е изведен од постоечкиот V12 мотор на BMW.

Автомобилот е висок 1,63 m, широк 1,99 m и долг 5,83 m, и тежи 2485 kg. Каросеријата е направена од алуминиумски костур, а возилото има забрзување од 100 км/ч за 5.7 сек. Има шестбрзински автоматски менувач и двојнојадечна амортизација.

Во март 2005 е претставен Phantom со продолжено оскино растојание на Женевскиот автосаем, кој е за 250 mm подолг од стандардниот Phantom.

Од 2007 во производство е кабриолетот Phantom Drophead Coupé.

Дизајн[уреди]

BMW вложиле многу напори за да го различат Phantom од нивните возила. Иако 15% од елементите ова возило ги дели со други BMW возила (како BMW Серија 7), Phantom ги има задржано традиционалните Rolls-Royce-ови карактеристики.

Намерата била возилото да не изгледа само како уште еден автомобил од BMW. Кога Mercedes-Benz го лансирале нивниот Maybach, тие биле критикувани за произведување на „ултимативен Mercedes“ наместо автомобил од засебна марка. Автомобилот делел многу компоненти со и изгледал како поевтиниот седан од S-Класата. BMW од ова извлекле поука, продавајќи го Phantom во засебни салони, додека салонот на Maybach во Лондон истот ака продава и наједноставни модели на Mercedes.

Алуминиумскиот костур се прави во BMW фабрика во Динголфинг, Германија а V12 моторот во Минхен. Крајното склопување, како и сета кожа и дрвенарија, по желбите на секој индивидуален купувач се прават во погон во Гудвуд, Западен Сасекс, Англија. Во погонот има само два робота за бојадисување; сѐ друго се прави рачно, во согласност со традицијата на Rolls-Royce.

Новитети[уреди]

  • Наместо обртомер, авцтомобилот има сказалка за резерва на моќ која покажува уште колку од силата на автомобилот му преостанува на возачот.
  • Задните врати имаат шарки назад, стил пошто наречен самоубиствени врати, но нарелен 'кочиска врата' од Rolls-Royce. Вратите се затвораат на стисок на копче со помош на хидраулика. Електронски се заклучуваат за да се избегне случајно отворање на вратите додека се вози.
  • Задните врати во себе носат чадори кои отскокнуваат од лежиштата. Во лежиштата има пропелери за ладење кои ја острануваат влагата кога чадорите стојат внатре.
  • Духот на Екстазата (знакот напред) има механизам за автоматско електронско вовлекување против кражба и за безбедноста на пешаците во случај на несреќа. Истото се вовлекува и однатре на копче.
  • Логата 'RR' на раткапните имаат посебни лежишта за да можат секогаш да бидат исправени додека тркалата се вртат.

Продажба[уреди]

Годишни продажби[1]
Година Продадено
2003 300
2004 792
2005 796
2006 805
2007 1010
Total 3703
  • BMW имаат поставено животна производна граница на 10.000 примероци на Phantom.
  • Основната цена е £250,000 во Обединетото Кралство и $340,000 во САД.
  • Во јули 2006, Rolls-Royce направиле ограничено издание од 25 автомобили наречено Phantom Black [1]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]