Maybach

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Знакот на Мајбах

Мајбах-Моторенбау д.о.о. (герм. Maybach-Motorenbau GmbH) е компанија основана од Вилхелм Мајбах и неговиот син Карл, бил германски производител на мотори за цепелини и подоцна големи луксузни автомобили. Компанијата влече корени од фирмата Дајмлер-Моторен-Гезелшафт (Дајмлер) дотолку што нејзиниот основач бил технички директор таму. Денес, компанијата е сместена во Штутгарт, а марката ја поседува ДајмлерКрајслер. Во периодот помеѓу 1921 и 1940 год. ова фирма произведувала разни модели на луксузни класични возила.

За време на Втората Светска војна, фирмата почнала да произведува мотори за разни воени возила и оклопни возила како Панцер IV, Тигар I и Пантер.

Мајбах исто така поризведувал дизел мотори за поморски и железнички превоз. Некои од познатите дизел локомотиви со нивни мотори се германската V200 и Британска железница класа 52, т.н. „Westerns“.

Во 1960 год, Дајмлер-Бенц го купува големиот дел од акциите на Мајбах. Шест години подоцна, Мајбах-Моторенбау се спојува со гранката за тешки мотори на Дајмлер-Бенц заедно оформуваат нова компанија со име Мајбах Мерцедес-Бенц Моторенбау д.о.о. Во 1969 год. пак, оваа фирма станува МТУ Фридрихсхафен.

Мајбах 57

Мајбах повторно заживеал како марка во раните 2000-ти под водство на Мерцедес-Бенц со производствотона нов модел во две варијации - Мајбах 57 и 62 (броевите ја означуваат должината на автомобилите во дециметри). Нивната цена се движи од 305,000 до 357,000 УСД и се наменети како конкуренти на Бентли и Ролс-Ројс. Во 2005 е додаден новиот 57S, со помоќен мотор и спортска козметика.

Класични модели[уреди]

Мајбах DS8 Цепелин

Современи модели[уреди]

Тенковски мотори[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Македонски[уреди]

Странски[уреди]