Женевски автосаем
Меѓународниот женевски автосаем (фр. Salon International de l'Auto) е годишен автосаем што се одржува секој март во Женева, Швајцарија. Местото на одржување е сајмиштето Geneva Palexpo што се наоѓа веднаш до женевскиот аеродром. Саемот го организира Меѓународната организација на автопрозиводители (Organisation Internationale des Constructeurs d'Automobiles) и се смета за еден од поважните меѓународни настани од овој вид.[1]
Првиот Женевски автосаем е одржан во 1905 г., и оттогаш ги има изложено сите поважни модели на возила со внатрешно согорување во историјата на автомобилот, како и гасни и парни автомобили во раните години. Главни атракции на саемот честопати се егзотичните суперавтомобили. На овој настан се најавуваат прототипови, нова опрема, важни технички откритија, меѓународни партнерства и социо-политички проблематики. Светските автопроизводители го сметаат овој саем за неутрално и рамноправно место за изложување, особено бидејќи Швајцарија нема своја автоиндустрија.[2]
Содржина |
[уреди] Оддели
Ова се одделите на саемот:
- Автомобили со 3, 4 и повеќе тркала.
- Електрични автомобили и автомобили на алтернативни горива.
- Специјални каросерии за автомобили, автодизајн и автоконструкторство.
- Преработени автомобили (штелувани и сл.)
- Автоопрема и автоделови
- Самостојни производители на опрема
- Работилници за поправка и одржување на автомобили
- Разни производи и услуги за автмобили
- Атракции и претстави.
[уреди] Меѓународен форум за напредна подвижност
Во рамките на саемот се одржува и Меѓународен форум за напредна подвижност, на кој се зборува за превозните средства во иднината.[3]
[уреди] Поврзано
[уреди] Наводи
- ↑ Женевски автосаем 2010 (англиски)
- ↑ Френк Џорданс (3 јуни 2008). „Малото е убаво на Женевскиот автосаем“. „Los Angeles Times“. http://www.latimes.com/classified/automotive/highway1/la-hy-genevaoverview-story,0,7479684.story. проверено на 3 јуни 2008. (англиски)
- ↑ „IAMF“. Iamf.ch. http://www.iamf.ch/en/. проверено на 27 јуни 2009. (англиски)
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Женевски автосаем“ |
[уреди] Македонски
- Женевскиот саем на автомобили со 85 нови модели - Bluezone (2009) (македонски)
- Започна 80-тиот саем за автомобили во Женева! - Возикола (2010) (македонски)
[уреди] Англиски
- Официјална страница на автосаемот (англиски) (германски) (француски)
- Список со плакати на сите женевски автосаеми од 1905 г. до денес (германски)