Меѓународен сојуз за чиста и применета физика

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од IUPAP)
Меѓународен сојуз за чиста и применета физика
International Union of Pure and Applied Physics
КратенкаIUPAP
Основана1922
Видмеѓународна
ЦелДа се поттикне и овозможи меѓународната соработка во физиката и развојот на науката во целиот свет
МестоШвајцарија
Регионцел свет
Службени јазицианглиски
ПретседателСесилија Јарлског
Мреж. местоiupap.org

Меѓународен сојуз за чиста и применета физика или МСЧПФ (англиски: International Union of Pure and Applied Physics, IUPAP) — меѓународна невладина организација чија цел е развојот на физика ширум светот, да ја поттикне меѓународната соработка на ова поле и да помогне примената на физиката во решавањето на проблемите со кои се соочува човештвото. Основана е во 1922 г., а првото генерално собрание е одржано следната година во Париз.

Организацијата ги исполнува своите цели како покровител на меѓународни собири, поддржувајќи ја физиката во медиумите и издаваштвото, истражувањето и образованието, овозможувајќи го слободниот оптек на научниците, промовирајќи ги меѓународните договори за употребата на симболи, единици, номенклатура и стандарди, и соработувајќи со други организации на дисциплинска и меѓудисциплинска проблематика.[1]

IUPAP е членка на Меѓународниот совет за наука (ICSU).

Управување и комисии[уреди | уреди извор]

Сојузот е под управа на генералното собрание, кое се среќава на секои три години. Негов врховен извршен орган е советот, кој обично се среќава двапати годишно, и ги надгледува активностите на стручните и подружните меѓународни комисии. Има 60 члена, кои претставуваат физичарски заедници во светот, кои се застапени преку комисии за врски. Членовите на советот и комисиите ги бира генералното собрание, согласно предлозите доставени од комисиите за врски и постоечките членови на овие тела.

Стручни комисии

C1. Комисија за финансии

C2. Комисија за симболи, единици, номенклатура, атомски маси и фундаментални константи (SUNAMCO)

C3. Комисија за статистичка физика

C4. Комисија за космички зраци

C5. Комисија за нискотемпературна физика

C6. Комисија за биолошка физика

C8. Комисија за полуспроводници

C9. Комисија за магнетизам

C10. Комисија за структурата и динамиката кондензираната материја

C11. Комисија за честички и полиња

C12. Комисија за јадрена физика

C13. Комисија за физика за развој

C14. Комисија за образовна физика

C15. Комисија за атомска, молекуларна и оптичка физика

C16. Комисија за плазмена физика

C17. Комисија за квантна електроника

C18. Комисија за математичка физика

C19. Комисија за астрофизика

C20. Комисија за пресметковна физика

Подружни комисии

AC.1. Меѓународна комисија за оптика

AC.2. Меѓународна комисија за општа релативност и гравитација

AC.3. Меѓународна комисија за акустика

AC.4. Меѓународна комисија за медицинска физика

Покрај ова, IUPAP има низа работни групи кои ги надгледуваат важните меѓународни соработки на полето на физиката.

Поддршка на конференции[уреди | уреди извор]

Секоја година организацијата учествува во приредувањето на околу 30 меѓународни конференции, доделувајќи им средства. Тие можат да бидат општи, тематски, посебни или наменети за неразвиените подрачја. Воедно, сојузот е покровител на поголем број награди за физичари од поединечни полиња или за истакнати млади физичари.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. За нас — IUPAP (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]