GPS-приемник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Уред за навигација на велоспиед со Gosmore - програм со отворен код што работи на податоци од OpenStreetMap.

GPS-приемник или GPS-уред е секој уред што прима сигнали од глобалниот систем за позиционирање (GPS) со цел да ја одреди моментална местоположба на Земјата. GPS-уредите ја прикажуваат географската ширина и географската должина, а некои можат да ја пресметаат и надморската височина. Покрај цивилната употреба, ваквите уреди наоѓаат примена во војската, воздухопловството и поморството.

GPS-уредите може да имаат и дополнителни можности како:

  • да содржат карти, кои може да се претставени со текст или графички
  • да му предлагаат насоки на човекот што управува со возилото/пловилото по пат на текст или говор
  • непосредно да насочуваат самостојно возило (како да речеме роботска сонда)
  • да информираат за состојбата на патиштата и сообраќајот (со претходно заведени податоци или податоци во живо) и да предлагаат други подобри насоки
  • да даваат информации за продажни и услужни места во близината (на пр. ресторани, бензински пумпи и сл.)

Со други зборови, сите GPS-уреди можат да одговорат на прашањето „Каде сум ?“, а може и да знаат да одговорат на:

  • кои патишта или патеки ми се на располагање сега?
  • по кои патишта или патеки да одам за да стасам до саканото одредиште?
  • ако на некои патишта има вонредно многу сообраќај, по кои други е подобро да одам?
  • каде има нешто за јадење во близина или каде можам да наполнам гориво?

Потрошувачка примена[уреди]

Во потрошувачките уреди за GPS-навигација спаѓаат:

  • Наменски GPS-уреди за навигација
  • GPS-модули што треба да се поврзат со сметач
  • GPS-заведувачи што водат евиденција за патот и потоа се преземаат. Ваквото GPS-следење е мошне корисно во планинарското означување, исцртување на карти на патеки, во ридскиот велосипедизам и изработката на гекодирани фотографии.
  • Прилагодени уреди, како GPS-телефони и GPS-фотоапарати, каде GPS е функција, а не главна намена на уредот. Овие уреди може да се потпомогнати од GPS може, самостојни (независни од мрежата) или двете заедно.

Наменски GPS-уреди[уреди]

Поврзано: автомобилска навигација и личен навигациски помошник
Разни рачни приемници
Такси опремено со GPS-приемник

Наменските уреди се одликуваат со различен степен на преносливост. Наречени се „рачни“ или „спортски“ приемници и се напојуваат со заменливи батерии што траат повеќе часови, и сот тоа се погодни за планинарење, велосипедски туризам и други активности оддалечеи од електрична мрежа. Екраните им се мали, а некои од нив не се во боја. Куќиштата им се цврсти, а некои и водоотпорни.

Други уреди, наречени „подвижни“ се наменети претежно за автомобили, но имаат мала внатрешна батерија на полнење што трае час-два кога уредот не е поврзан со автомобилот. Уредите за посебни намени можат да бидат трајно поставени и целосно да зависат од електриката во возилото.

Вградените програми на првите уреди не прикажувале карти. Во XXI век уредите прикажуваат карти, а неретко на нив и точки од интерес, информации за патиштата и гласовно давање на насоки по улиците и патиштата чекор по чекор.

Некои производители:

Мобилни телефони со GPS[уреди]

Делумно поради регулативите за поттикнување на следење на мобилни телефони, вклучувајќи ја E911, највеќето GPS-приемници се вградуваат во мобилни телефони, со различен степен на покриеност и услужност за корисникот. Во текот на најголемиот дел од XXI век се нудат паметни телефони (smartphones) со Java што им овозможува да користат внатрешен или надворешен GPS-приемник (надворешниот поврзан со кабелче или Bluetooth). Други можат да покажуваат навијација по целиот свет со сателитски GPS-сигнали како секој наменски пренослив GPS-приемник, надградувајќи ја работата на режим „A-GPS“ кога се во досег. Трети пак, имаат мешан позиционен систем што користи други сигнали кога GPS-сигналите се несоодветни.

Постојат и други прилагодливи решенија за паметни телефони со вграден GPS. Некои од овие телефони можат да се „сврзуваат“ (tethering) со преносен сметач и така играат улога и на безжичен модем, истовремено нудејќи GPS-навигација и приказ на местоположба. Таков пример е VZ Navigator од производителот Verizon Wireless од САД. Системот ја користи технологијата gpsOne за да ја одреди местоположбата, а потоа ја користи податочната врска на телефонот за да преземе карти и да ги пресмета патиштата. Слична услуга може да се добие и на iPhone. Nokia го дава програмот Ovi Maps бесплатно со нивните паметни телефони, каде картите можат да се стават однапред. Според пазарното испитување на Berg Insight, продажбата на мобилните уреди со GPS во 2009 изнесувала 150 милиони парчиња[1] наспроти само 40 милиони наменски GPS-приемници. [2]

Постојат и посебни програми за GPS-навигација наменети за мобилни телефони, како на пример Waze.

На преносни сметачи[уреди]

Разни фирми нудат програмска опрема за GPS-навигација во возила за преносни сметачи.[3] Предноста на GPS на преносен сметач е тоа што нуди поголеми карти, контрола на функциите со тастатура, како и напредни можности за планирање на патувањето што ги нема на други подлоги.

GPS-модули[уреди]

Современ 20-каналски GPS-приемник „SiRFstarIII“ на чипови со поддршка на WAAS/EGNOS.

Други GPS-уреди треба да се поврзат со сметач за да работат. Ова може да биде домашен сметач, преносен сметач, па дури и личен дигитален помошник (PDA), или паметен телефон. Зависно од видот на сметачот и приклучоците, поврзувањето може да биде со сериски кабел, USB-кабел, или пак Bluetooth, CompactFlash, SD, PCMCIA и поновата ExpressCard.[4] Некои GPS-единици со PCMCIA/ExpressCard имаат и безжичен модем. Уредите обично немаат веќе инсталиран програм за навигација, па затоа корисникот мора да набави програм или да напише свој. Бидејќи корисниците можат сами да го одберат програмот, ова им дава поголем личен избор. Мошне често GPS-приемниците за сметачи се нудат со придружен програм. Покрај ова, GPS-модулите се значително поевтини од целосни засебни системи (околу 50-100 €). Програмот може да содржи карти само за извесна област, или пак да го покрива цел свет (ако се користат програми како Google Maps, VZ Navigator и тн).

Некои љубители изработуваат самоделни GPS-уреди, а програмскиот дел го нудат со отворен код. Еден таков пример е Elektor. Тие се засноваат на чип од типот „SirFStar 3“ и се споредливи со опремата во продажба.

Авиопревоз[уреди]

Авиопревозниците имаат GPS-уреди што ја пресметува местоположбата и ги пренесуваат податоците на големиот повеќевлезен управувачки сметач на автопилотот. Тука спаѓаат информации за насоченоста, исцртување на поправени прикази, следење на летот и уреди за евидентирање.

Воена примена[уреди]

GPS-уредите наоѓаат значајна примена во војувањето и ја опслужуваат пешадијата (команданти и обични војници), мали возила и бродови, летала и проектили. Ваков пример се „Командантски дигитален помошник“ (Commander's Digital Assistant) и „Војнички дигитален помошник“ (Soldier Digital Assistant) на американската војска.[5][6][7][8]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]