Java (програмски јазик)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа страница се однесува на програмскиот јазик Java. За друго значење, погл. Јава (појаснување).
Лого на Јава.

Java е објектен програмски јазик којшто се појавува во средината на 1990-тите, а е развиен од Американската фирма Sun Microsystems. Тој програмски јазик е сè позастапен во софтверските решенија на пазарот. Негова силна страна е што може да се користи на повеќе оперативни системи само со инсталирање на jre (java runtime enviroment) за извршување на програми напишани во Јава или на jdk (java development kit) за развивање на програмите во овој програмски јазик.

Програмите напишани во Јава се составени објекти, произведени од класи кои што поседуваат својства и методи. Од напишаните класи во дадената програма се создаваат објекти со кои што преку дадените методи овие објекти се манипулираат.

Javа Servlet технологоја[уреди]

Javа Servlet технологојата денес е напредна технологија која се користи за создавање на веб апликации. Независноста од платформа, оперативен систем и апликациски сервер, оваа технологија овозможува моќна алатка за создавање на Web апликации со високи перформанси во однос на брзина, сигурност, точност, комбинација со други технологии.

Денес, сервлетите се популарен избор за создавање на веб апликации насекаде во светот. Постојат многу производители на сервери, како Apache Web server, iPlanetTM Web Server, Microsoft IIS, JBoss, BEA WebLogic, IBM WebSphere, Netscape Application Server, и други, кои му овозможуваат на корисниците да ја одберат најдобрата можна опција во поглед насервери, платформи и алатки.

Сервлетите се пишуваат во јазикот Java, што им овозможува да го искористат целиот потенцијал на овој јазик, вклучувајќи ја и JDBC технологијата, која овозможува пристап до сите бази на податоци.

JSP страница[уреди]

JSP страницa е всушност страница која е преведена во сервлет кога е повикана. Но, JSP страниците нудат повеќе можности од сервлетите, со тоа што овозможуваат поинаков пристап во создавањето, промената и одржувањето на апликациите. Тоа е мешавина од HTML код со Java и JSP тагови, кои можат да се создаваат, или искористат некои од веќе понудените моќни TAG библиотеки.

JSP и Java Servlet технологиите ги нудат сите предности на Java програмскиот јазик, зрели, солидни решенија погодни за мали и големи корпоративни апликациски решенија.

Ова решение нуди:

  • Подвижност помеѓу платформи и сервери
  • Масивно раководство со исклучоци, грешки и меморија
  • Пристап до широк обем на API технологии (JDBC, JavaMail, XML.)

JSP и Java Servlet технологиите се дел од Java 2 Platform, Enterprise Edition (J2EE) платформата, и овозможуваат високо флексибилни и размерливи решенија за создавање на повеќеслојни апликации во “enterprise” околина затоа што:

  • Имаат пристап до Enterprise JavaBeans и J2EE компоненти и опслужувачи кои содржат широк опсег на апликациски функционалности, вклучувајќи безбедност и менаџмент на трансакции
  • Овозможуваат “multithreaded processing” и повеќе конкурентни барања, со што се идеални за апликации со голем број на истовремени корисници




Програмски јазици
Ada | ALGOL | APL | Асемблер | AWK | BASIC | C | C++ | C# | COBOL | ColdFusion | Common Lisp | Delphi | Eiffel | Focus | Forth | FORTRAN | Haskell | IDL | Java | JavaScript | Limbo | Lisp | Lua | Modula 2 | Objective C | OCaml | Pascal | Perl | PHP | Prolog | Python | Ruby | SAS | Scheme | Smalltalk | SQL | Tcl | Visual Basic

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]