Bell 205/UH-1 Iroquois/Huey

Од Википедија — слободната енциклопедија
Bell 205/UH-1 Iroquois/Huey
Bell 205
 
Цело име Bell 205/UH-1 Iroquois/Huey
Тип повеќенаменски хеликоптер
Класа лесен
Сместување два пилоти и 12-14 патници или 6 нослки
Земја на потекло САД
Производител Bell Helicopter Company/Bell Helicopter Textron (САД), Agusta (Италија), AIDC (Тајван), Dornier (Германија), Fuji Bell (Јапонија)
Земји корисници Австрија, Аргентина, Бахреин, Бангладеш, Боливија, Бурнеи, Чиле, Доминиканска Република, Еквадор, Салвадор, Гана, Грција, Гватемала, Гвајана, Иран, Ирак, Израел, Италија, Јамајка, Јапонија, Либан, Малта, Мексико, Мароко, Оман, Панама, Перу, Филипини, Саудиска Арабија, Сингапур, Словенија, Јужна Кореја, Шпанија, Шри Ланка, Сомалија, Судан, Тајланд, Тунис, Турција, Уганда, Уругвај, Венецуела, Јемен, Замбија, Обединети Арапски Емирати, Велика Британија, САД, Обединети нации
Намена за поддршка на вооружените сили
Мотори еден турбомлазен мотор Textron Lycoming T53-L-13, со сила од 1,400 кс
Димензии Должина со ротори: 17,40 м

Височина: 4,48 м

Пречник на HP: 14,63 м

Маса Празен: 2,363 кг

Максимална: 4,309 кг

Корисна: 1,759 кг

Перформанси Максимална брзина: 204 км/ч

Крстосувачка: 195 км/ч

Максимална висина: 3,260 м

Максимален долет: 511 км

Опрема стандарна навигациска и комуникациска

Хеликоптерот Bell 205 претставува најголема надградба на популарниот Huey, кој е со истакнато продолжена и проширена кабина за зголемување на капацитетот. Првиот, од 2,008 нарачани хеликоптери UH-1D и 3,573 хеликоптери UH-1H, за армијата на САД, влегол во употреба во 1986 година. Тој е во континуирана воена употреба до ден денешен, а ќе биде и во првите години од ова столетие. Неколку од произведените хеликотпери се опремени за електронско војување, а 220 се во санитетска варијанта UH-1V. Голем број од хеликоптерите се конзервирани и складирани. Компанијата Bell хеликоптерот го модернизираше во варијантата UH-1HP Huey II, со подобрување на постојните мотори во стандард Т53-703, со 400 КС дополнителна сила, како и со усовршување на преносот на опашниот ротор и на авиониката.

Варијанти[уреди | уреди извор]

  • UH-1D - оригинална верзија за Армијата на САД, со турбомлазен мотор Lycoming T53-L-11, со сила од 1,100 КС и капацитет за 12-14 патници.
  • UH-1H - верзија за армијата на САД, со турбомлазен мотор T53-L-13.
  • UH-1V - верзија за армијата на САД, за медицинска евакуација (MEDEVAC) и спасување (Rescue), со дигалка.
  • CUH-1H - канадска верзија за обука, означена како CH-118.
  • EH-1H - верзија за електронска војна, наречена „Quick fix“.
  • HH-1H - верзија за ВВ на САД (USAF), за спасување.
  • UH-1HP Huey II - комерцијална надградена верзија со подобрен турбомлазен мотор.
  • Huey 800 - комерцијална надградена верзија со турбомлазен мотор LHTEC T800.
  • UH-1/T700 Ultra Huey - комерцијална надградена верзија со турбомлазен мотор General Electric T700-GE-701C, со сила од 1,900 КС.
  • HU-1H - јапонска верзија.
  • AB 205A - италјанска воена верзија, означена како EM-2, со турбомлазен мотор Т53-L-13.
  • AB 205A-1 - подобрена италјанска верзија на 204А.
  • AB 205BG - прототип на италјанска верзија со два турбомлазни мотори Gnome H 1200.
  • AB 205TA - прототип со мотори Turbomeca Astazous.
  • HE.10B - шпанска ознака за АБ 205.
  • Advanced 205B - предложена јапонска надградба.

Вооружување[уреди | уреди извор]

Два митралези поставени странично на вратите, ненаведувани ракети во саќести лансери.

Галерија[уреди | уреди извор]