Bell 48

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Bell 48
Bell 48
Bell 48
 
Цело име Bell 48
Тип повеќенаменски, а првенствено за транспорт
Класа лесен
Сместување еден или два пилоти и пет, шест до десет патници (кај одредени верзии)
Земја на потекло САД
Производител Bell Aircraft Company (САД)
Земји корисници САД
Намена за транспорт и за поддршка на армиски сили
Мотори еден мотор Pratt & Whitney R-1340-55 Wasp, со сила од 600 кс
Димензии Должина со ротори: 17,30 м

Височина: 3,43 м

Дијаметар на HP: 14,48 м

Маса Максимална: 2854 кг
Перформанси Максимална брзина: 169 км/ч

Максимална височина: 4,575 м

Максимален долет: 481 км

Опрема стандарна комуникациска и навигациска


Во 1946 година компанијата Bell го развила новиот општ повеќенаменски хеликоптер со ознака Model 42, врз база на моделот 47. По барање на армијата на САД од него е развиена воена верзија на хеликоптерот со ознака Bell Model 48, означен и како HR-12-Be-s/n 46-214/215. За потребите на армијата, хеликоптерот требал да извршува евакуација на персонал, транспорт на луѓе и товар, набљудување, одржување врски итн. Во него е употребуван ѕвездест мотор R-1340 Wasp, со сила од 540 кс. Имал пет седишта. Потоа е изработена верзија со мотор Pratt & Whitney R-1340-55 Wasp, со сила од 600 кс и со осум седишта. Хеликоптерот е изработуван и за цивилни потреби и во повеќе верзии, со стоен трап со: тркала, скии и пливци (за на вода).

Модели[уреди]

  • Model 48 (XR-12-BE) - прототип верзија, со мотор P&W R-1340-AN-1, со сила од 540 кс, со пет седишта
  • Model 48A (YR-12B-BE) - надградена верзија со мотор P&W R-1340-55 Wasp, со сила од 600 к, со десет седишта и раздвоени кабини за екипаж и патници

Други верзии: XH-12-BE, XH-12B-BE, YH-12B-BE

Литература[уреди]

  • Andrade, John M. U.S.Military Aircraft Designation and Serials since 1909. Leicester, UK: Midland Counties Publications, 1979. ISBN 0-904597-22-9.
  • The Illustrated Encyclopedia of Aircraft (Part Work 1982-1985). London, Orbis Publishing.
  • Bell Model 48 retrieved 2-6-2008

Надворешни врски[уреди]