Од Википедија — слободната енциклопедија
1582
Поради воведувањето на реформите во календарот, подоцна наречени грегоријански календар според папата Грегор XIII , во Италија, Полска, Португалија и Шпанија овој ден во 1582. година е прескокнат.
1600
Во Фиренца , во Италија во палатата Пити , за време на свеченостите по повод венчавката на англискиот крал Хенри VI со Марија Медичи , е одржана премиерната изведба на операта „Евридика “, прва опера во историјата што ја создаде италијанскиот композитор Јакопо Пери .
1889
Томас Едисон го покажува неговиот прв филм (слики во движење).
1908
Австрија ги анексира Босна и Херцеговина .
1943
Балистите запалија поваќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец , Кичевско , а во наредните денови беа ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица , Иванчиште , Малкоец и други.
1981
Во текот на воена парада, убиен е претседателот на Египет Анвар ал-Садат од исламски радикали во војската.