Шаховска нотација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаховска нотација е термин за еден од разните системи на запишување (изразување) на потезите во шахот. Постојат неколку вида шаховска нотација. Зборот се користи и за системи на запишување на позициите на фигурите на шаховската табла.

Нотација за запишување игри[уреди]

Нотацијата на потези ги опишува фигурите во игра, целната (уште подобро и почетната) позиција на секој потег, како и евентуалниот резултат на истите (земање, шах, мат итн).

  • Описна шаховска нотација, англиска нотација или англиска описна нотација. До 1970-тите во англофонските земји, шаховските партии се запишувале и издавале во описна нотација.
  • Алгебарска шаховска нотација. Оваа е покомпактна од описната нотација и е најстандардниот метод на запишување на партии. Во некои краишта на светот се користи уште од раниот XIX век. Овој систем е помалку подлежен на грешки од описниот.
  • Дописна шаховска нотација. Алгебарската нотација кај меѓународниот дописен шах може да создаде забуни, бидејќи фигурите имаат различни називи на разни јазици. Овој систем е стандарден систем на нотација кој се користи насекаде.
  • Пренослива партиска нотација (англ. Portable Game Notation или PGN). Оваа е најпопуларната од неколкуте нотации базирани на алгебарската, кои имаат за цел запишување на партии во формат соодветен за компјутерска обработка.
  • Долга алгебарска нотација или полна алгебарска норација. Во оваа варијанта на запипишување се содржат и почетите и целните позиции при секој потег, одделени со цртичка. Некои компјутерски програми го користат овој метод (видете алгебарска шаховска нотација).
  • Стеношах. Ова е уште еден формат погоден за компјутерска обработка. Во овој формат иследноста на играта се жртвува за концизност со која се намалува на минимум бројот на знаците потребни за чување (запомнување) на партијата.

При запишувањето на партии, коментаторите користат знаци како прашалници и извичници како критика на потезите (видете интерпункција (шах)).

Нотација за позиции на фигурите[уреди]

Покрај онаа за запишување на игри, постои и нотација за запишување на позиции на фигурите наречена Форсит-Едвардсова нотација (ФЕН). Ова е корисно за времено прекинување на партии и нивно подоцнежно продолжување без дијаграмски приказ на ситуацијата.

Видете исто така[уреди]



Chessboardsmall.jpg Шах

Фигури | Табла | Правила | Отворања | Стратегија | Тактика | Завршници | Историја | Нотација