Чучурлиги

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чучурлиги
Alauda arvensis
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Подред: Песнопојни
Фамилија: Чучурлиги
Vigors, 1825

Чучурлигите (науч. Alaudidae) се фамилија птици песнопојки. Сите видови го населуваат стариот свет, северна и источна Австралија, само еден вид алпската ушеста чучурлига се проширила и во Северна Америка. Сите живеат на различни места, но сепак најмногу сакаат да живеат во суви подрачја.

Опис[уреди]

Чучурлигите се мали до средно големи птици, долги 12 до 24 см и тешки 15 до 75 гр.

Тие поубаво пеат од повеќето птици, а често пеат додека се во лет. Нивната песна, како и проширувањето на живеалиштата кои луѓето ги измениле, им обезбедуваат на чучурлигите истакнато место во литературата и музиката.

Мажјаците пеат во лет додека ја бранат својата територија за време на размножувањето и за привлекување на партнерката. Повеќето видови го градат своето гнездо на земја, обичо од трева, но кај некои видови е малку посложено и повдлабено. Неколку пустински видови се гнездат во ниски грмушки, можеби заради жештината. Јајцата им се обично точкасти, а големината на леглото варира од 2 (особено кај пустинските видови) до 6 јајца во поумерените региони. Чучурлигите ги инкубираат јајцата 11-16 дена.

Како повеќето птици кои живеат на земја, чучурлигите имаат подолг заден прст кој им дава стабилност додека стојат. Повеќето од нив имаат кафено перје, прошарано со линии, во потемни и посветли нијанси, но некои имаат црно и бело перје. Нивниот изглед им служи за камуфлажа, особено додека лежат на гнездото.

Се хранат со инсекти и семиња; возрасните ја насочуваат својата исхрана кон семиња, но младенчињата речиси сите ги хранат со инсекти, барем првата недела по испилувањето. Многу видови со клунот ја копаат земјата за да најдат храна. Некои имаат поголем и заострен клун, погоден за отварање семиња, а други, пак, имаат подолг и закривен, кој е попогоден за копање.

Чучурлигите се единствени од редот на врапчевидните кои ги губат сите пердуви во текот на првото митарење. Се смета дека тоа се случува порадиот лош квалитет на првите пердуви.

Чучурлигите се слични на другите птици кои живеат на земја, со своето долго терцијално перје, но кај нив тарзусот (стапалото) има само едн ред крлушки на задната површина, а кај другите има обично два реда.

Чучурлигите во исхраната[уреди]

Овие птици се сметаат за здрава и вкусна храна која лесно се лови.[1][2] Се користат на многу начини, варени, печени на скара, како фил во пита и сл. Особено е ценет нивниот јазик. Поради намалувањето на нивниот број, нивното месо тешко се наоѓа, но уште го има по рестораните во Италија и на други места во јужна Европа. [3]

Систематизација[уреди]

Calandrias en Invernada.jpg
Oriental Skylark (Alauda gulgula) in AP W IMG 4090.jpg
Certhilauda subcoronata -Northern Cape, South Africa-8.jpg
Eastern Long-billed Lark (Certhilauda semitorquata).jpg
Horned Lark at Carrizo Plains.jpg
Ashy-Crowned Sparrow Lark (Female) -Bharatpur I IMG 8482.jpg
Galerida cristata meridionalis.jpg
Galerida magnirostris -Namaqua National Park, Northern Cape, South Africa-8.jpg
Mirafra affinis sal.jpg
Mirafra erythroptera Karnataka.jpg
Stark's Lark 001.jpg

Фамилија: ALAUDIDAE

Литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Lark Pie (an Entree)“. http://www.vintagerecipes.net/books/bookofhouseholdmanagement/lark_pie_an_entree.php. 
  2. „Larks And Lark Pies“. http://chestofbooks.com/food/recipes/Party-Catering/Larks-And-Lark-Pies.html. 
  3. Hooper, John. „Cat, dormouse and other Italian recipes“, „The Guardian“, 17 февруари 2010 (конс. 7 мај 2010).