Алпска ушеста чучурлига

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алпска ушеста чучурлига
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Чучурлиги
Род: Eremophila
Вид: E. alpestris
Биномен назив
Eremophila alpestris
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Otocorys alpestris

Алпската ушеста чучурлига спаѓа во видот Eremophila од фамилијата на Чучурлигите.

Ја има во Македонија.

Опис[уреди]

Како и другите чучурлиги, тие се тешко забележливи на земја, со своите кафено-сиви пердуви горе и побледи пердуви одоздола, со карактеристични црно-жолти линии на главата и вратот. Лете мажјакот има црни пердуви, кои му штрчат од главата како рокчиња. Должината на телото им е околу 18 цм, а тежат 35-40 гр. Ноктот на задниот прст на ногата им е прав и долг. Клунот им е многу краток.

Распространетост и живеалиште[уреди]

Алпската ушеста чучурлига е распространета во северна Америка, северна и југоисточна Европа и Азија. Исто така, има изолирана популација на висорамнината во Колумбија. Северните популации од овие врапчевидни птици се миграциони, движејќи се јужно во зима.

Оваа птица е прилагодена за живот на отворено земјиште, а сака да живее на рамнини и планини. Во Македонија се постојани жители. Во Америка, каде што нема други чучурлиги за да се натпреварува со нив, живеат на обработливи земјишта или на фарми, во пустини, голф терени и авионски писти.

Однесување[уреди]

Иако добро лета, оваа чучурлига живее претежно на земја хранејќи се со инсекти и семиња.

Гнездење[уреди]

Гнездото го прават на земја и снесуваат 2-5 јајца испрскани со кафени и сиви точки. Малечките се испилуваат со ретки пердувчиња и целосно беспомошни, па родителите ги хранат со инсекти. Младенчињата брзо се развиваат и го напуштаат гнездото за десетина дена.

Статус и конзервација[уреди]

Во западна Северна Америка, алпската ушеста чучурлига често страда од турбините на ветерниците.

Наводи[уреди]

Извори[уреди]

  • Steve N. G. Howell and Sophie Webb (1994). „A Guide to the Birds of Mexico and Northern Central America“. Oxford University Press. ISBN 0-19-854012-4. 
  • Perrins, Christopher (ed.) (2003). „Firefly Encyclopedia of Birds“. Firefly Books. ISBN 1-55297-777-3. 
  • Sibley, David (2000). „The Sibley Guide to Birds“. Knopf Publishing Group. ISBN 0-679-45122-6. 
  • van den Berg, Arnoud (2005) Morphology of Atlas Horned Lark Dutch Birding 27(4):256-8
  • Small, Brian (2002) The Horned Lark on the Isles of Scilly Birding World 15(3): 111-20 (discusses a possible Nearctic race bird on the Isles of Scilly in 2001)
  • Dickinson, E.C., R.W.R.J. Dekker, S. Eck & S. Somadikarta (2001). „Systematic notes on Asian birds. 12. Types

of the Alaudidae“. „Zool. Verh. Leiden“ 335: 85–126. 

Надворешни врски[уреди]