Честичка (граматика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Честичка — неменлив збор што се придава на други зборови за да ги засилат или изменат во нивното значење или значењето на целата реченица.


1. Со засилувачко значење: де, бе, ма, барем, пак, меѓутоа, просто;

2. За потврдување: да;

3. За негирање: не, ни ниту;

4. Со прашално значење: зар, ли, дали;

5. За изделување: само, единствено;

6. Со количествено значење: точно, токму, скоро, речиси, рамно;

7. Со начинско: би, да, нека, ќе;

8. Со придружно: исто така, уште, притоа;

9. За компарација: по-, нај- (се пишуваат заедно со зборот)

10. Со определено значење: имено, токму, баш;

11. Со неопределено значење: -било, -годе;

12. Со показно значење: ете, еве, ене.