Лексикологија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Лексикологија (од грчки: lexis = збор + logos = учење) е делот од науката за јазикот што го проучува составот на зборовите на еден јазик.

Поддисциплини[уреди]

Семантика (наука за внатрешната страна на зборовите)

Етимологија (наука за настанувањето за зборовите)

Лексикографија (наука за принципот за составување речници)

Фразеологија (наука за постојаните зборовни состави)

Збор[уреди]

- Зборот е најмала јазична целина што во говорната низа се остварува како посебна целост

- Зборот претставува низа од гласови кои означуваат некој поим

- Зборот е двостран знак;

Разликува:

а)Форма (надворешна звучна страна)

б)Содржина ( внатрешна значенска страна)

Кај зборовите се разликуваат два вида значење:

лексичко (основно) врската на еден збор со некој предмет

граматичко(споредно) се изразува со наставки за род,број, лице

Полнозначните зборови се носители на двете значења

Службените немаат лексичко значење