Чапати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чапати, зеленчук и грав

Чапати или ротис — бесквасен, свежо печен тенок леб што се користи во Јужна Азија. Зборот „чапати“ потекнува од јазикот хинду, со значење „да се исплеска“. Овој леб е особено популарен во ајурведската кујна.

Подготовка[уреди | уреди извор]

Традиционалниот начин на подготовка на лебот чапати се состои во обликување на тестото така што тоа се плеска меѓу влажните дланки. Притоа, со секое плескање се ротира тркалезното тесто направено од „атта“ (индиско пченично брашно), а потоа се пече на отворен оган, и тоа најпрвин на топла плоча, а потоа директно на пламенот. Чапати се прави од пченично или друг вид брашно, како: јачмен, ориз, наут, овес, леќа, пченка итн. Чапати не содржи квасец и се прави само од природни состојки.[1]

Чапати во ајурведската медицина[уреди | уреди извор]

Лебот чапати се цени во ајурведската медицина, која го препорачува како одличен за трите „доши“. Притоа, се смета дека овој леб треба да го јадат луѓето кои заздравуваат од некоја болест, старите и изнемоштени лица и луѓето кои сакаат да го прочистат организмот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Е.Т.Е, „Лебот чапати на телото му дава сила и енергија“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 22-23.
  2. Е.Т.Е, „Лебот чапати на телото му дава сила и енергија“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 22-23.