Чампорадо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чампорадо

Горе: Чинија со чампорадо со млеко; Доле: Таблија, месно направено таблички од чисто чоколадо направеени од ферментирани, биени и мелени какаови зрна
ВидКаша
Земја на потеклоФилипини
Температура на послужувањетопло или ладно
Главни состојкиЛеплив ориз, таблија, млеко или кокосово млеко, шеќер
ВаријантиТинугонг
Cookbook: Чампорадо на Викикниги 

Чампорадо или цампурадо[1] (од шпански: champurrado)[1] ― слатка чоколадна оризова каша во филипинската кујна.

Состојки[уреди | уреди извор]

Традиционално се прави со варење леплив ориз со таблеа (традиционални таблички од чисто мелени печени зрна какао). Може да се служи топло или ладно, обично за појадок или лесен оброк, со млеко (или кокосово млеко) и шеќер по вкус. Обично се јаде како што е, но вообичаеното спарување е со солена сушена риба (даинг или тујо).

Тинугонг е варијанта на чампорадо во регионите на Филипините каде што се зборуваат висајски јазици. Најчесто се прави со варење леплив ориз со шеќер наместо табела. Некогаш во него се додаваат кафе или млеко.[2][3]

Историја[уреди | уреди извор]

Неговата историја може да се следи од шпанскиот колонијален период на територијата на денешните Филипини. За време на галеонската трговија меѓу териториите на денешните Мексико и Филипините, мексиканските трговци го донеле знаењето за правење чампурадо на Филипините (на враќање, тие ја вовеле тубата (палмово вино) во Мексико). Со текот на годините, рецептот бил менуван; Филипинците на крајот нашле начини да го направат мексиканскиот чампурадо како филипински чампорадо со замена на масата со леплив ориз.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Almario, Virgilio, et al. 2010. UP Diksiyonaryong Filipino, 2. издание. Anvil Publishing: Pasig.
  2. Rose Catherine S. Tejano (16 декември 2012). „Sikwate Stories“. The Bohol Chronicle (344). Архивирано од изворникот на 13 август 2016. Посетено на 15 јануари 2022.
  3. „Bisaya English Translation of "tinughong". Cebuano Dictionary. Sandayong.com. Архивирано од изворникот на 14 септември 2016. Посетено на 15 јануари 2022.
  4. „Mexico Champorado“. 31 јануари 2011. Посетено на 15 јануари 2022.