Црне Војвода

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Црне Војвода “
АвторМарко Цепенков
ЈазикМакедонски
Жанрдрама
ИздавачАвтономна Македонија
Издадена
1903
Медиумпечатено

„Црне Војвода“драма на македонскиот собирач на народни умотворби Марко Цепенков. Првпат била објавена на страниците на софискиот весник „Автономна Македонија“ на И. Спирков во повеќе продолженија во 1903 година (во броевите од 13 до 25). Драмата била напишана на единствениот јазик, на кој Цепенков можел изворно да ги претстави своите дела пред јавноста: на мајчиниот прилепски говор, со поднасловот „Историска пиеса во пет акта од македонскиот живот на македонски говор“.[1] Драмата „Црне Војвода“ придонела за непрекинатиот континуитет во развојот на македонската драма на почетокот на 20 век.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Драмата била напишана пред почетокот и во текот на Илинденското востание во југозападните делови на Македонија. Објавена била кон крајот на септември кога востанието било задушено и акциите на востаниците спласнале.

Содржина[уреди | уреди извор]

Како што кажува самиот наслово драмата се однесува на прославениот прилепски војводаСпиро Црне, како и неговата чета која го ликвидирала познатиот злосторник Ќучук Сулејман, кој долго време ги измачувал селаните од прилепскиот крај. Дејството на драмата се одигрува во Прилеп, селата Вепрчани и Царевиќ и во месноста Рамна Бука, во гората. Почетокот на дејството е во 1879 година.[1]

Ликови[уреди | уреди извор]

Во драмата се појавуваат 24 лика и група селани.[1]

  • Поп Цеко
  • Попадијата на поп Цеко
  • Хаџи Пано
  • Илија
  • Ѓорче
  • Коне
  • Спиро Црне
  • Митре
  • Мара
  • Ќучук Сулејман
  • Фејзо
  • Абдула
  • Алија
  • Ѓорѓија Лажот

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „ДРАМАТА „ЦРНЕ ВОЈВОДА" ОД МАРКО ЦЕПЕНКОВ, 1903 ГОДИНА“. Old Prilep. Посетено на 24 јули 2023.
  2. „Историјат на македонската драма“. Македонски јазик. Посетено на 24 јули 2023.