Црн кожувар
Црн кожувар | |
---|---|
Мажјак | |
Женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Гусковидни |
Семејство: | Anatidae |
Потсемејство: | Aythyinae |
Род: | Aythya |
Вид: | A. nyroca |
Научен назив | |
Aythya nyroca (Güldenstädt, 1770) |
Црниот кожувар или норка (Aythya nyroca) е средно голема водна птица од редот гусковидни, од семејството на патките. Таа е евроазиска птица која ја има и во Македонија.
Живеалиште
[уреди | уреди извор]Црниот кожувар е птица преселница која е распространета во Европа и Азија, а презимува во северна Африка и јужните делови на Азија. Се населува крај слатководните езера, бавните реки, мочуриштата и густо обраснатите делови со водни растенија.
Опис
[уреди | уреди извор]Црниот кожувар тежи меѓу 400 и 700 гр, долг е 40-46 см, распонот на крилјата му е 65 см. Плива и нурка многу добро. Возрасниот мажјак има црн грб и бели очи. Белиот дел под опашката помага овој вид да се разликува од сличните видови. Женките се слични, со црн грб, и малку посветло кафена боја на телото, но со темни очи. Овие птици формираат големи јата во зима и најчесто се мешаат со други патки.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Овие птици се хранат со нуркање, претежно навечер. Јадат подводни растенија, мекотели, водни инсекти и мали риби.
Размножување
[уреди | уреди извор]Гнездото го прават во непосредна близина на водата, често на мали островчиња или на купчиња од стара трска. Се снесуваат 6-14 жолто-зеленикави јајца. Женката ги лежи 25-28 дена, а кога ќе се испилат се доста развиени и можат да се движат и хранат самостојно. Одгледуваат само едно легло годишно.
Црниот кожувар е заштитен со Договорот за заштита на евроазиските миграторни водни птици (AEWA).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Aythya nyroca“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2006. Посетено на 12 May 2006. Database entry includes a range map and justification for why this species is near threatened