Црква „Св. Никола Чудотворец“ - Кратово

Координати: 42°04′51″N 22°10′57″E / 42.08083° СГШ; 22.18250° ИГД / 42.08083; 22.18250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола Чудотворец

Царските двери, XVI – XVII век

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кумановско-кратовско
Парохија Кратовска
Местоположба

Карта

Координати 42°04′51″N 22°10′57″E / 42.08083° СГШ; 22.18250° ИГД / 42.08083; 22.18250
Место Кратово
Општина Кратово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1848 (денешна градба)
Архитектонски опис

Св. Никола Чудотворецправославна црква во градот Кратово, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кумановско-кратовското архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА.

Историја[уреди | уреди извор]

Преписка од 1666 г. во која се спомнува дека црквата е соборна.

Црквата се наоѓа во источниот дел на населбата Царина и се смета за најстара сè уште постоечка црква во градот. Храмот своевремено бил катедрала на Кратовските епископи, за што сведочи една преписка од 1666 г. во евангелие подарено на црквата.[1] Храмот на многу наврати е рушен и одново граден. Последен пат настрадал во 1822 и обновен е во 1848 г.[1]

Во 1890 г. во црковнот двор двор западно од храмот е подигната зграда на бугарско училиште, познато како Старовремска школа.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата е еднокорабна и едноапсидна. Изградена е од делкан камен и малтер. Има димензии од 10,5 м во должина, 5,90 м во ширина и 6,80 м во висина.[1]

Внатрешност[уреди | уреди извор]

Внатрешноста на црквата е насликана од преродбенички мајстори. Иконостасот е изработен при обновата на храмот во 1848 г.[2] Има богата резба и вредни икони, некои од XVI век.[1] Главната икона на Свети Никола е дело на истакнатиот крушевски зограф Никола Михајлов.[3] Иконата „Света Богородица Умиление“ е од XV век.[4]

За мошне вредни се сметаат и царските двери. Се одликуваат со ажурна техника, со пробивање на дрвото и употреба на најразлични цветни и геометриски мотиви, како и фигури на животни.[5] Слични двери имаат и црквите „Св. Ѓорѓи“ во Петралица, „Воведение на пресв. Богородица“ во Карпино, „Св. Богородица“ во Ранковце и дверите од „Св. Никола“ во „Успение на пресв. Богородица“ во Ќустендил.[6] Дверите се одново насликани во XIX век од самоковски мајстор, веројатно Захариј Зограф. На хетерогениот иконостас има неколку непотпишани икони, кои би можеле да му се припишат на Захариј.[7] Во црквата има и икони кои му се припишуваат на Крсте Зограф од Велес.[8]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „„Св. Никола" – гр. Кратово“. Свети места. no-break space character во |title= во положба 13 (help)
  2. Машниќ, Мирјана М (2008 – 2009). „Три примероци на царски двери од кратовско-кумановскиот крај. (Уметничка вредност, конзерваторска презентација, постконзерваторски статус)“. Патримониум.мк. 2 (3–4, 5–6): 157. no-break space character во |year= во положба 5 (help); no-break space character во |issue= во положба 2 (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  3. Николоски, Дарко (3 – 5 јуни 2012, с. 359). „Прилог кон делото на зографот Никола Михаилов“ (PDF). Ниш и Византија XI: зборник радова. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-08. Посетено на 9 април 2015. Занемарен непознатиот параметар |издател= (help); no-break space character во |date= во положба 2 (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. Николовски, Дарко. „Иконите од црквата Св. Троица од селото Мождивњак, Крива Паланка“ (PDF). Патримониум.mk. 7 (12): 201.
  5. Машниќ, Мирјана М (2008 – 2009). „Три примероци на царски двери од кратовско-кумановскиот крај. (Уметничка вредност, конзерваторска презентација, постконзерваторски статус)“. Патримониум.мк. 2 (3–4, 5–6): 156. no-break space character во |year= во положба 5 (help); no-break space character во |issue= во положба 2 (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  6. Машниќ, Мирјана М (2008 – 2009). „Три примероци на царски двери од кратовско-кумановскиот крај. (Уметничка вредност, конзерваторска презентација, постконзерваторски статус)“. Патримониум.мк. 2 (3–4, 5–6): 155. no-break space character во |year= во положба 5 (help); no-break space character во |issue= во положба 2 (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  7. Машниќ, Мирјана М (2008 – 2009). „Три примероци на царски двери од кратовско-кумановскиот крај. (Уметничка вредност, конзерваторска презентација, постконзерваторски статус)“. Патримониум.мк. 2 (3–4, 5–6): 159. no-break space character во |year= во положба 5 (help); no-break space character во |issue= во положба 2 (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  8. Ајтовска, Љубинка, Илинка Атанасова (2017). Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење. Кочани: Општина Кочани. стр. 29.