Црква „Св. Никола“ - Топлица

Координати: 41°24′4.7″N 21°44′29.1″E / 41.401306° СГШ; 21.741417° ИГД / 41.401306; 21.741417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Фреска од црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Плетварско-беловодичка
Местоположба

Карта

Координати 41°24′4.7″N 21°44′29.1″E / 41.401306° СГШ; 21.741417° ИГД / 41.401306; 21.741417
Место Топлица
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1860
Живопис 1860
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабен
Стил преродбенички

Св. Николацрква во прилепското село Топлица, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е подигната и живописана во 1860 година. Има убав иконостас од времето на преродбата. Живописци се Ангелко и Велјан Андонови од Папрадиште. Претставува трикорабна градба со полукружна апсида на источната страна. Црквата е обновена во 1892 година, кога на западната страна е дограден трем.[1]

Антички сполии[уреди | уреди извор]

Во црквата има наоди од римско време. Во олтарот на црквата како чесна трпеза служи мермерна ара (олтар) која на челната страна има три бисти и коњаник претставени во плиток релјеф. Во припратата како основа на столб е поставена надгробна стела од бел мермер со едикула во која има 4 фигури обработени исто така во плиток релјеф. Покрај нив има фрагмент од уште една стела на која во едикулата оддесно налево се гледаат две фигури без глави, во стоечка положба, и трета зачувана во долниот дел. Под фигурите има поле со старогрчки натпис во 5 реда.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Црква „Свети Никола", село Топлица“. Old Prilep. Посетено на 1 јануари 2022.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 314. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]