Црква „Св. Димитриј“ - Брусник

Координати: 41°01′20.6″N 21°17′02.6″E / 41.022389° СГШ; 21.284056° ИГД / 41.022389; 21.284056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Седумнаесетта приградска
Местоположба

Карта

Координати 41°01′20.6″N 21°17′02.6″E / 41.022389° СГШ; 21.284056° ИГД / 41.022389; 21.284056
Место Брусник
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Димитрија Солунски
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабен
Стил преродбенички

Св. Димитриј (Св. Димитрија Солунски) — главна црква во битолското село Брусник, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, изграден на доминантно возвишение на југозападниот крај на селото, со глетка кон Пелагонија. Изградена е врз темелите на средновековна црква со некропола.[1] Градбата е сместена во заграден двор со црковна порта. Ведаш по портата е камбанаријата. Храмот е трикорабен, со петстрана апсида на исток и тремови од северната и западната страна. Главните влезови се од север — еден за наосот и еден за нартексот. Внатрешноста на наосот е поделена на три кораба со два реда од по пет столба. Над средишниот кораб има полукружен свод, а таваните на страничните се рамни со дрвени даски. Нартексот е со три скалила над нивото на наосот. Во храмот нема фрески.[2][3]

Храмот е од првата половина на XIX век, но силно настрадал за време на Првата светска војна. Обвновен е во периодот од 1922 до 1926 година, кога се изработени и сегашните икони и иконостас.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 25. ISBN 9989-649-28-6.
  2. 2,0 2,1 Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 39. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-12-25.
  3. „Св. Димитриј село Брусник“. Bitola.info. Посетено на 12 јануари 2020.