Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Мал Радобил

Координати: 41°22′24.7″N 21°47′56.7″E / 41.373528° СГШ; 21.799083° ИГД / 41.373528; 21.799083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рождество на Пресвета Богородица
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Плетварско-беловодичка
Местоположба

Карта

Координати 41°22′24.7″N 21°47′56.7″E / 41.373528° СГШ; 21.799083° ИГД / 41.373528; 21.799083
Место Мал Радобил
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1913
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна базилика

Рождество на пресв. Богородицацрква во прилепското село Мал Радобил. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен во северниот дел на селото. Изградена е во 1913 година, кога е живописан и олтарот. Претставува трикорабна базилика, која на источната страна завршува со полукружна апсида, а на западната има женска црква.[1] На плочата како ктитор се споменува Илија Костовски[2] заедно со сите селани.[1]

Во црковниот двор се чува фрагментирана плоча од римско време на која стои натпис на старогрчки.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Црква „Раѓање на Пресвета Богородица", село Мало Радобил“. Old Prilep. Посетено на 30 декември 2021.
  2. Напишан е како Илија Костић согласно тогашните големосрпски налагања
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 303. ISBN 9989-649-28-6.