Централна Екваторија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Централна Екваторија
Central Equatoria
الاستوائية الوسطى
—  сојузна држава  —
Местоположба во Јужен Судан.
Координати: 4°47′ СГШ 31°24′ ИГД / 
Држава  Јужен Судан
Регион Екваторија
Окрузи: 6
Гл. град Џуба
Површина
 • Вкупна 22.956 км2
Население (2008)
 • Вкупно 1.103.592 жит.
Час. појас EAT (UTC+3)

Централна Екваторија (англиски: Central Equatoria, арапски: الاستوائية الوسطى al-Istiwāʾiyya al-Wusṭā) е една од десетте сојузни држави на Јужен Судан. Централна Екваторија има површина од 22.956 km² и главен град на оваа држава е Џуба. Централна Екваторија порано била именувана како Бахр ал Џабал што во превод од арапски значи „Река од планините“. Ова име било променето во денешното од страна на Јужен Судан на 1 април 2005 година.

Административна поделба[уреди]

Централна Екваторија, како останати сојузни држави во Јужен Судан, е поделена на окрузи. Окрузите понатака се поделени на пајами и бомаси. Секој округ е управуван од окружен комесар кој е назначен од претседателот. Окрузите во Централна Екваторија се:

Поважни градови во Централна Екваторија се: Џуба, Каџо Кеџи, Лирија, Мангала, Рокон, Тали, Јеи, Гемаиза, Томбек, Тиндило, Муни и Реџонг.

Користена литература[уреди]

  • South Sudan Internet radio
  • Interview with Erasto Gonda 'Tribes Of Central Equatoria' [1]
  • 'GLOBAL: Protect rights of minorities to avoid conflict, NGO urges.' [2]
  • 'Violence, Sacrifice, and Chiefship in Central Equatoria Southern Sudan.' [3]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]