Целоусни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Целоусни
Период: најдоцен Ордовик - денес
Обична туна (Thunnus thynnus)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ‘Рбетници
Инфраколено: Вилични ‘рбетници
Нерангирано: Целоусни
C. L. Bonaparte, 1836
Класи и кладови

Бодликави ајкули
Вистински целоусни

Целоусните (науч. Teleostomi) се клад на вилични ‘рбетници каде спаѓаат четириношците (Tetrapoda), коскените риби (Osteichthyes) и наполно изумрените бодликави ајкули (Acanthodii). Најкарактеристично за оваа група е присуството на жабрени капаци (оперкулуми) и еден пар на дишни отвори - елементи неприсутни или видоизменети кај подоцнежните претставници. Во целоусните влегуваат сите вилични ‘рбетници освен ‘рскавичните и оклопните риби.

Систематика и филогенија[уреди]

потколено ‘Рбетници
├─(нерангирано) Вилично‘рбетновидни
└─инфраколено Вилични ‘рбетници
      ├─класа Оклопни риби †
      └микроколено Вистински вилични ‘рбетници
         ├─класа ‘Рскавични риби
         └─(нерангирано) Целоусни
             ├─класа Бодликави ајкули †
             └наткласа коскени риби
                ├─класа Зракоперки
                └─класа Резноперки
                     └наткласа Четириножни
                         ├─класа водоземци
                         └(нерангирано) Амниоти
                             ├─класа Влекачи
                             │  └─класа Птици
                             └─класа Синапсиди
                                 └─класа Цицачи
 
Забелешка: линиите ги означуваат еволутивните врски.

Потекло[уреди]

Потеклото на целоусните е нејасно, но први познати фосили се денес изумрените бодликави ајкули од доцниот Ордовик. Денешните целоусни го сочинуваат кладот Вистински целоусни (Euteleostomi), кој ги опфаќа сите коскени риби и четириношци. Дури и по изумирањето на сите бодликави ајкули кон крајот на периодот Перм, нивните роднини доживеале толкав успех што денес сочинуваат 99% од ‘рбениците.

Физички особености[уреди]

Целоусните имаат две приспособувања за дишење под вода. Првобитните целоусни веројатно имале некој вид на жабрени капаци, но не едноделно како еквивалентот кај денешните риби. Развојот на единечен дишен отвор претставувал значаен исчекор во нивната еволуција. Исто така целоусните развиле примитивни бели дробови со способност за користење на извесно количество на атмосферски кислород. Кај подоцнежните видови овие се претвориле во бели дробови и меур за одржување на половноста.

Бодликавите ајкули и зракоперките имаат заедничка карактеристика: три отолити (ушни коски). Дводишалките имаат само два отолита, а денешните целаканти (Латимерии) имаат само по еден.[1]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Nelson, Joseph, S. (2006). „Fishes of the World“. John Wiley & Sons, Inc.. ISBN 0471250317.