Синапсиди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Синапсиди
Синапсиди
Период:
доцен мисисип - рана креда
Потомскиот таксон Цицачи живее и денес
Скелет на Dimetrodon grandis
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Наткласа: Четириношци
(нерангирано): Влекачолики
(нерангирано): Амниоти
Класа: Синапсиди
Osborn, 1903
Подгрупи
Синоними
  • Теропсиди (Theropsida)

Синапсидите (науч. Synapsida, што значи "споен лак") се група на животни која ги вклучува цицачите и сите оние групи на животни кои се еволутивно поблиски до цицачите отколку до другите современи амниоти.[1] Примитивните синапсиди најчесто се нарекуваат пеликосаури, додека понапредните цицачовидни синапсиди се нарекуваат терапсиди. Немамалиските членови се опишуваат како цицачовидни влечуги во класичната систематика,[2][3] но во кладистичката терминологија се означуваат како "базални цицачи" или "протоцицачи".[4] Синапсидите еволуирале од базалните амниоти и се една од двете главни групи од подоцнежните амниоти (при што другата се сауропсидите - влечуги и птици). Се разликуваат од останатите амниоти по тоа што имаат еден отвор (слепоочна јама, темпорална фенестра) на нивниот череп што се развила кај синапсидниот предок пред околу 324 милиони години, за време на доцниот карбон.

Синапсидите биле доминантните копнени животни во средниот и доцен перм. Како и со речиси сите тогаш постоечки групи, нивните бројност и разновидност биле значително редуцирани за време на пермската екстинкција. Некои видови преживеале и во тријас, но архосаурите набрзо станале доминантни животни, при што неколку од немамалиските синапсиди го надминале тријас, иако имало преживеани видови и во креда. Но, тие ги вклучувале и праисториските предци на цицачите, па затоа синапсидите се сè уште современа класа на ‘рбетници. Синапсидите, денес (особено луѓето) повторно се доминантни копнени животни по надминувањето на птиците при К-Т екстинкцијата.

Линеовска и кладистичка дефиниција за синапсиди[уреди]

Синапсидите како поткласа на влечуги[уреди]

Синапсидите најпрво биле дефинирани при крајот на 20 век како една од четирите главни поткласи на влечуги, сето тоа врз основа на нивните различни слепоочни отвори. Овие отвори во лицевата коска дозволиле прикачување за поголеми вилични мускули, а со тоа поефикасно загризување. За синапсидите се сметало дека биле линија на влечуги која довела до цицачите преку постепено еволуирање на мамалиски особини, па оттука доаѓа и името "цицачовидни влечуги" кое станало традиционален опис за сите немамалиски синапсиди.[2][3]

"Цицачовидните влечуги"[уреди]

Традиционалната класификација на синапсидите како влечуги е продолжена од страна на некои палеонтолози (на пример Carroll 1988, Colbert & Morales 2001) и во општата биологија. Во 1990-тите, овој пристап бил пропратен со кладистички според која единствени валидни групи се оние кои ги вклучуваат во себе заедничките претци и сите нивни потомци: овие се познати како монофилетски групи или клади. Бидејќи цицачите директно потекнале од синапсидите, тие се вклучени во Synapsida како клада, иако во формалните класификации цицачите се третираат како одделна класа која еволуирала од (парафилетички дефинираната група) Synapsida.

Наводи[уреди]

  1. Laurin and Reisz 2007.
  2. 2,0 2,1 Carroll 1988: 397.
  3. 3,0 3,1 Benton 2005: 122.
  4. Donoghue, Philip (2005), "Matters of the Record: Saving the stem group---a contradiction in terms?". Page 555 (pdf document page 3 of 6)