Хуцули

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хуцули (украински: Гуцули, singular Гуцул; на латиница Huculs, Huzuls, Hutzuls, Gutsuls, Guculs, Guzuls, or Gutzuls; полски: Hucuł, множина Huculi, Hucułowie; романски: huțul, множина huțuli) се словенска етничка група кои со векови живеат на планините Карпати, претежно во Украина и во северниот дел на Романија, во областите Буковина и Марамуреш.

Позната претставничка на оваа етничка група е украинската пејачка Руслана.

Постојат различни хипотези за потеклото на Хуцулите. Според една од нив, потекнуваат од Белите Хрвати, словенско племе што ја населувало таа област од 4 до 12 век, или од словенското племе Улици кои морале да ги напуштат домовите до реката Бух поради притисок од Печенезите.[1] Хуцулите се идентификуваат како дел од украинскиот етнос, задржувајќи локален идентитет како подгрупа.[2]

Јазикот на Хуцулите се смета за дијалект на западниот украински јазик со некои полски влијанија.[3][4][5][6][7]

На јазикот му се заканува исчезнување поради тоа што од времето на Сталин во обврзниот образовнен систем се користи само стандардизираниот литературен украински. Во последните години се јавува и движење за зачувување на традиционалниот хуцулски јазик.

Традиционална хуцулска венчаница со монистра

Културата на украинсите Хуцули има сличности со соседните култури од Западна и Југозападна Украина,[8][9] особено со Лемкосите и Бојкосите. Овие групи имаат сличности и со други словенски планински народи, како Горалците во Полска и Словачка.[10] Забележани се и некои сличности со влашките култури од Моравска Валахија во Чешка и некои култури од Романија.[11] Повеќето Хуцули се номинално православни.

Извори[уреди]

  1. „1. ВСТУПНІ ЗАВВАГИ. Юрій Шевельов. Історична фонологія української мови.“ (на Ukrainian). http://www.litopys.org.ua/shevelov/shev03.htm. конс. 23 јули 2008. 
  2. „На Закарпатті Рахівська районна рада рада звернулася з протестом до Президента та Генпрокуратури проти рішення обласної ради про визнання національності "русин" - UA-REPORTER.COM“ (на Ukrainian). http://ua-reporter.com/novosti/20556/. конс. 23 јули 2008. 
  3. Youth organizations of Prykarpattia initiate giving regional status to Hutsul dialect“, Ukrainian Independent Information Agency, 21 јуни 2006 (конс. 23 јули 2008).
  4. Clark, Kathy and Bill (12 јули 1997). „Kosmach“. „Kathy and Bill Clark's Ukrainian Vacation“. http://www.brama.com/travel/clark/4kosmach.html. конс. 23 јули 2008. 
  5. „The Hutsuls People“. Ensemble "Halychyna". архивирано од оригиналот на 22 мај 2008. http://web.archive.org/web/20080522110424/http://www.geocities.com/galychyna/hutsuls_people.html. конс. 23 јули 2008. 
  6. Hutsul region“. Encyclopedia of Ukraine 2. (1989). Изд. Volodymyr Kubijovyc. University of Toronto Press. (конс. 23 јули 2008)
  7. „Hutsules“ (на French). архивирано од оригиналот на 21 мај 2008. http://web.archive.org/web/20080521105810/http://membres.lycos.fr/bucovine/page3.html. конс. 23 јули 2008. 
  8. http://www.encyclopediaofukraine.com/pages/D/R/Dress.htm
  9. http://www.nat.com.ua/ukrainian_folk_costume.html
  10. http://www.pgsa.org/Towns/Gorale.htm
  11. http://home.swipnet.se/roland/ukrainiantribes.html

Надворешни врски[уреди]