Христијанска црква „Оаза“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христијанска црква „Оаза“
Основана2010
ВидЦрква
РегионМакедонија Македонија
ПрипадностЕвангелско-протестантска иницијатива

Христијанска црква „Оаза“евангелско-протестантска црква која е дел од Евангелско-протестантската иницијатива.

Историја[уреди | уреди извор]

Христијанската црква „Оаза“ во Македонија започнала преку ЕЦ Штип во 2007 година, од група верници кои сакале поголема слобода за Светиот Дух во работата на црк­вата, во вдахнато славење и молитви во живо сведочење и евангелизирање. Во 2010 година била регистрирана како верска заедница под називот Христијанска црква „Оаза“ во РМ. Истата година, неделните богослужби биле во изнајмен простор на Радио Канал77. Црквата е активна во разни области, како повремени хуманитарни активности, евангелизациски напори за достигнување на градот Штип и околни места како Делчево, Велес, Кратово.

Во 2014 година, Зоран и Оле Илиевски заминале да започнат ХЦ „Оаза“ во Скопје. Црквата се занимава со служба со ТВ програми кои се емитуваат на регионални ТВ станци низ Македонија, како и со бесплатно ширење на книги преведени на македонски јазик.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јован Јоновски, Историја на евангелско-протестантските цркви во Македонија, Изгрев, Скопје, 2017.