Француска мода

Од Википедија — слободната енциклопедија

Модата во Франција била значаен индустриски и културен извозник уште во седумнаесеттиот век. Терминот " висoка мода (haute couture) " потекнува од Париз од 1860 година. Денес градот Париз заедно со Лондон, Милано и Њуjорк, се смета за еден од светските модни престолнини и претставува дом или седиште на најголемите модни куќи.

Историја[уреди | уреди извор]

Седумнаесетти век[уреди | уреди извор]

Поврзаноста на Франција со модата ( францускi: la mode) датира од владеењето на Луис XIV , кога индустријата за луксузни добра во Франција потпадна под кралска контрола, а Францускиот Кралски суд веројатно стана диктатор на вкусот и стилот во Европа. Порастот на значењето на француската мода било поврзано со создавањето на францускиот печат во раните 1970 ти години ( главно се дожи на Жан Доно Де Вис ) кој ја променил модната индустрија, рекламирајќи дизајни на широката јавност надвор од Францускиот суд и преку промовирање на идеите како што се модна "сезона" и промена на стилови.

Убавата епоха[уреди | уреди извор]

Франција ја обнови својата доминантност во индустријата на високата мода (францускi: couture ili haute couture ) во 1860 - 1960 година со создавање на големи модни куќи, модни списанија ( списанието Вог беше основано 1892 година ) и модни ревии. Првата современа модна куќа во Париз генерално ја земала во обѕир работата на АнглиЧанецот Чарлс Фредерик Ворт кој доминирал во индустријата од 1858 до 1895 година. Во доцниот деветнаесетти и раниот дваесетти век, индустријата се проширила во Париски модни куќи- мода куќа на Жак Дусет ( основана во 1871 година), Жаоан Пакин (основана во 1891 година ; била првата жена која отворила своја модна куќа), Сестри Калот ( основана во 1895 година раководена од четири сестри), Пол Поарет (основана во 1903 година), Меделин Вајонет (основана во 1912 година), Шанел (основна од Коко Шанел, која првпат стана популарна во 1952 година), Елса Шапарели (основана во 1927 година) и Баленсиага ( основана од шпанецот Кристобал Баленсиага во 1937 година).

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

За време на окупацијата на Париз во втората светска војна многу модни куќи се затворие, вклучувајќи ги и оние на Вајонет и на Шанел. Во споредба со стилот на слободните парижанки, режимот на Виши промовираl модел на сопруга и мајка, крупна, атлетска млада жена, фигура која е во согласност со новите политички критериуми. Во меѓувреме, Германија поседувалa повеќе од половината од француското производство, вклучувајќи го и производството на високата мода. Високата француска мода се преместила во Берлин и Виена - градови кои немаат никаква знаачјна традиција во модата. Синдикалниот Дом на кројачите (Chambre Syndicale de la Couture) ја презл списокот на најважните клиенти од архивата. Евреите не биле вклучени ви модната индустрија. Поради тешките времиња, бројот на модели на ревиите бил ограничен на седумдесет и пет, вечерна облека не се користела, а за дневна облека се употребувале резервни матерјали кога тоа било можно и се правела во помал број. Од 1940 година наваму, не било препорачливо да се користат повеќе од 13 стапки (4 метри) ткаенина за палто и малку повеќе од 3 стапки (1 метар) ткаенина за блуза. Појасот не требало да биде широк повеќе од 1,5 инчи (4 сантиметри). Во периодот на војната, зазоу костимот станал популарен меѓу младите мажи. И покрај фактот што голем број на модни куќи се затвориле или се преместиле за време на војната, некои нови модни куќи останале отворени, вклучувајќи ги оние на Жак Фат, Меги Руф, Марсел Рошас, Жан Лафори, Нина Ричи и Меделин Врамон. Во текот на окупацијата, единствениот на~ин на кој жената можела да ја истакне својата екстравагандност и да додаде колоритност на бледата облека било со носењето на капа. Во тој период капите честопати биле правени од пар~иња ткаенини кои инаку биле фрлани, понекогаш биле премачкувани со муслин и во нив се ставало парчиња хартија и струготини од дрво. Меѓу најпознатите иновативни изработувачи на женски капи во тоа време биле Паулин Адам, Симон Нудет, Рос Валоа и Ле Мониер.

После војната[уреди | уреди извор]

После војната модата ја врати својата слава преку прочуениот "нов изглед " на Кристијан Диор во 1947 gодина. Колекцијата се состоела од фустани со тенок појас со достоинствен изглед на делот кај градите и широко здолниште , што било многу слично на стилот во Убавата епохa (Belle époque). Екстравадандната употреба на матерјали за женствена елеганција на дизајните привлекоа големо внимание кај клиентите од пост воениот период. Други поважни модни куќи од овој период се Пјер Балман и Уберт Де живанши (отворени во 1952 година). Во 1945 година било основано модното списание Ел (Elle) Во 1952 година Коко Шанел се врати во Париз. Во 1960-тите години "високата мода" била критикувана од младата култура во Франција (вклучувајќи ги и је-је) и во Лондон за лежерниот стил. Во 1966 година дизајнерот Ив Сент Лорен ги прекрши воспоставените норми во високата мода со промоција на линијата за конфекциска облека (prêt-à-porter) и ја прошири француската мода со масовно производство и маркетинг ( на членовите на Синдикалниот дом им било забрането да користат машини за шиење). Понатамошни иновации биле направено од Пако Рабен и Пјер Карден. После 1968 година во Франција младата култура продолжи да се оддалечува од општествено -политичките мисли и од индустријата за луксузна облека, претпочитајќи го "хипи" изгледот ( француски: baba cool). Големо внимание било посветено на маркетингот и на производството, при што биле создадени нови трендови од страна на Соња Рејкел, Тјери Миглер, Клод Монтана, Жан Пол Голтиер и Кристијан Лакроа во 1970 и 1980-тите години. Во 1990-тите години, француските модни куќи создадоа големи компании под водство на луксузните мултинационални гиганти како што е ЛВМХ. Уште од 1960 тите години Лондон,Њуjорк, Милано и Токио станале конкуренција на францускара модна индустрија. И покрај тоа, многу странски дизајнери сè уште сакаат да направат кариера во Франција - Карл Лагерфилд (Германец) за Шанел, Џон Галијано (Британец) за Диор, Паоло Мелим Андерсон (Швеѓанец) за Клое, Пилати (Италијанец) за Ив Сент Лорен, Марк Јакобс (Американец) за Луис Витон, Кензо Такада (Јапонец) и Александар Мек Квин (Англичанец) за Живанши (до 2001 година).

Правен статус[уреди | уреди извор]

Супермоделот Елза Матиз на Модна недела во Париз

Изразот висока мода (haute couture) во Франција е име кое е заштитено со закон и кое гарантира одредени стаднарди за квалитет. Француската мода е регулирана од владино индустриско тело - ‘Француски Сојуз на шивачки занает, конфекциска облека и модни творци’ (Fédération française de la couture, du prêt-à-porter des couturiers et des créatures de mode), создадено во 1973 година, кое се состои од ‘Синдикален Дом за машка мода’, (Chambre Syndicale de la mode masculine) ‘Синдикален Дом за конфекциска облека и модни творци’ (Chambre syndicale du prêt-à-porter des couturiers et des créatures de mode) и ‘Синдикален Дом за висока moda‘ (Chambre syndicale de la haute couture) koj бил создаден во 1868 година. Сојузот исто така има училиште за мода ‘Училиште на Синдикален Дом за париска мода (École de la chambre syndicale de la couture parisienne), (создадено во 1928 година).

Модна недела[уреди | уреди извор]

Главен дел: Модна недела во Париз

Фотографија на мода во Парис, 2 Јули 2017

Модната недела во Париз се одржува двапати годишно, после модната недела во Лондон и пред модната недела во Милано. Датумите ги одредува Француската Федерација за мода. Моментално, модната недела се одржува во Лувр.

Париз[уреди | уреди извор]

Уште од седумнаесеттиот век местото на модните куќи тредиционално било во областа околу улицата "Сент Оноре". Во 1980-тите години Авенијата "Монтањ" до одреден степен го презела водството на улицата " Сент Оноре" во делот на високата мода и модните додатоци. Во други области, како на пример "Ле Мар" кој е традиционален Еврејски кварт била сместена индустријата за облека.