Фламански поговорки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Фламански поговорки“
Творец Питер Бројгел Постариот
Година 1559
Вид масло на табла
Димензии 117 см × 163 см
Место Ликовна галерија, Берлин Германија

„Фламански поговорки“ (холандски: Nederlandse Spreekwoorden), наречена и „Холандски поговорки“, „Синиот плашт“ или „Светот наопаку“ — дело на холандскиот сликар Питер Бројгел Постариот насликано со масло на дабова табла во 1559 г. на кое буквално се прикажани тогашните холандско-фламански поговорки. Сликата е преполна со сцени од поговорки што се користат и денес, или некои што во меѓувреме се заборавени.

Творештвото на Бројгел се осврнува на слабоумието и пакоста на луѓето, што секако важи и за оваа слика. Идејата не била само да се соберат поговорките, туку како еден осврт на човечката глупост во илустриран облик. Син му, Питер Бројгел Помладиот, меѓу другото, ги умножувал делата на татка си, и насликал дваесетина примероци на „Фламански поговорки“. Не сите верзии на делото ги имаат точно истите поговорки и примери во ликовната изведба.

Некои од поговорките се сосем истоветни со оние во македонскиот фолклор, а други имаат мошне блиски значења. Други пак, не постојат во македонската традиција, или се претставени на сосем поинаков начин.

Претставени изреки[уреди]

Изреки претставени на сликата[1]
Поговорка Значење Дел Слика
И ѓаволот за перница ќе го врзе (fr)(nl) Тврдоглавоста совладува сè долу-лево NP-1.jpg
Гризе дирек (fr)(nl) Верски лицемер долу-лево NP-2.jpg
Носи оган во една рака и вода во другата (fr)(nl) Дволичност и пакосништво долу-лево NP-3.jpg
Удира со глава во ѕид (fr)(nl) Запнал за невозможното долу-лево NP-6.jpg
Една нога обуена, другата боса(fr)(nl) Рамнотежата е најважна долу-лево NP-68.jpg
Свињата го вади чепот (fr)(nl) Од немарноста уследува несреќа долу-лево NP-4.jpg
На мачката ѕвонче ѝ става (fr)(nl) Опасна и неразумна постапка долу-лево NP-5.jpg
Наоружен до заби (fr)(nl) Тешко наоружан долу-лево NP-5.jpg
Натнува оклоп (fr)(nl) Налутен е долу-лево NP-5.jpg
Едниот стриже овци, а другиот свињи (fr)(nl) Едниот ги има сите предности, а другиот ниедна долу-лево NP-7.jpg
Стрижи, ама не дери (fr)(nl) Не барај премногу (преку леб погача) долу-лево NP-18.jpg
Тука не се пржи харингата(fr)(nl) Не оди како што е предвидено долу-лево NP-15.jpg
Пржи цела харинга само за икрата(nl) Прави многу за да постигне малку долу-лево NP-15.jpg
Става поклопец на глава (nl) Конечно признава одговорност долу-лево NP-16.jpg
Харингата виси на сопствените жабри (fr)(nl) Мора да ја сносиме одговорноста за нашите постапки долу-лево NP-17.jpg
Има повеќе од некоја харинга (nl) Има повеќе одошто се чини на прв поглед долу-лево NP-17.jpg
Што му може чад на железо? (fr)(nl) Нема смисла да го менуваме неменливото долу-лево NP-92.jpg
Го најде песот в лонец (fr)(nl) Стасал на ручек предоцна, храната веќе изедена долу-лево NP-109.jpg[2]
Седи во пепелта меѓу две столчиња (fr)(nl) Нерешителност долу-лево NP-11.jpg
Пипа кокошки (fr)(nl) Брои што има пред да го добие средина-лево NP-8.jpg
Таму висат ножиците (fr)(nl) Таму ќе те прелажат горе-лево NP-10.jpg
Сè иста коска глода (fr)(nl) Везден зборува за истата работа горе-лево NP-9.jpg
Зависи како ќе паднат картите (fr)(nl) Зависи од случајноста горе-лево NP-13.jpg
Светот наопаку (fr)(nl) Сè е наопачки од што треба горе-лево NP-14.jpg
Остави барем едно јајце в гнездо (fr)(nl) Остави нешто за резерва горе-лево NP-12.jpg
Му се сере на светот (fr)(nl) Презира сè можно горе-лево NP-19.jpg
Се водат за нос (fr)(nl) Се измамуваат еден со друг горе-лево NP-21.jpg
Коцката е фрлена (fr)(nl) Одлуката паднала горе-лево NP-90.jpg
Глупавиот добри карти добива (fr)(nl) Среќата знае да го совлада умот горе-лево NP-20.jpg
Гледа низ прсти (fr)(nl) Попушта некому горе-лево NP-22.jpg
Таму виси ножот (fr)(nl) Задава мачна задача горе-лево NP-23.jpg
Стои на дрвени налани (fr)(nl) Чека попусто горе-лево NP-24.jpg
Ја стрчнува метлата (fr)(nl) Се забавува кога го нема стопанот горе-лево NP-25.jpg
Се венчава под метла (fr)(nl) Живее заедно без да е во брак горе-лево NP-26.jpg
Покривот со торти му е нареден (fr)(nl) Многу е богат горе-лево NP-27.jpg
Има дупка на покривот (fr)(nl) Неумен е горе-лево NP-104.jpg
Стар покрив мора многу да се крпи (fr)(nl) Старите работи бараат повеќе одржување горе-лево NP-105.jpg
Покривот летви има(fr)(nl) Може да има прислушкувачи средина-лево NP-103.jpg
Го боли заб зад ушите(fr)(nl) Се преправа средина-лево NP-29.jpg
Моча на месечината(fr)(nl) Си го троши времето на залудни напори средина-лево NP-32.jpg
Тука виси лончето(fr)(nl) Обратно од што треба да биде средина-лево NP-106.jpg
Гаѓа со една стрела за да најде друга(fr)(nl) Повторува некоја глупава постапка горе-лево NP-28.jpg
Го бричи (будалиот) на суво(fr)(nl) Надитрува некого средина NP-30.jpg
Дајца будали под еден ќулав(fr)(nl) Глупавите се дружат меѓу себе средина NP-34.jpg
Израснало низ прозорец(fr)(nl) Не може да се сокрие средина NP-33.jpg
Си игра на срамниот столб(fr)(nl) Привлекува внимание на своите срамни дела горе-средина NP-31.jpg
Кога е отворена вратата, свињите во пченката ќе истрчаат(fr)(nl) Катастрофа поради немарност горе-средина NP-40.jpg
Кајшто се смалува пченката, таму се здебелува свињата Кога некој добива, друг губи горе-средина NP-40.jpg
Трча како да му гори газот(fr)(nl) На голема мака е горе-средина NP-94.jpg
Кој јаде оган, ќе кака искри Да не те изненадиш што ќе те снајде ако влегуваш во опасност горе-средина NP-94.jpg
Си го закачува плаштот според ветерот(fr)(nl) Си го прилагодуа гледиштето според општото мислење горе-средина NP-39.jpg
Фрла пердуви во ветер (fr)(nl) Работи без плод горе-средина NP-42.jpg
Зјапа во штркот(fr)(nl) Си го губи времето горе-средина NP-38.jpg
Убива две муви со еден удар(fr)(nl) Успешен и делотворен горе-средина NP-43.jpg
Паѓа од вол на магаре(fr)(nl) Го снашле тешки времиња горе-средина NP-35.jpg
Ја бацува алката на врата (fr)(nl) Се подлизува горе-средина NP-37.jpg
Си го брише газот од вратата (fr)(nl) Лекоумен кон нешто горе-средина NP-36.jpg
Си го макне товарот (nl) Работата му се чини полоша одошто е горе-средина NP-36.jpg
Еден просјак го жали другиот што стои пред врата(nl) Се плаши од конкуренција горе-средина NP-91.jpg
Лови риба позади мрежата (fr)(nl) Испушта прилика средина NP-47.jpg
Големите риби ги јадат малите (fr)(nl) Луѓето ја судат тежината на зборовите во зависност од важноста на оној што ги изрекол. средина NP-48.jpg
Не го гледа сјајот во водата(fr)(nl) Љубомори на нечиј успех средина NP-60.jpg
Виси како нужник над јама (fr)(nl) Очигледно е средина NP-112.jpg
Секој може да види низ дабова талпа ако има дупка (fr)(nl) Нема што да го кажуваме очигледното средина NP-45.jpg
Двајцата низ иста дупка какаат(fr)(nl) Се сложуваат средина NP-46.jpg
Си ги фрла парите во вода(fr)(nl) Си ги трачи парите средина NP-61.jpg
Напукнат ѕид набргу се руши(fr)(nl) Сè ќе се расипе ако не му посветиш внимание средина-десно NP-93.jpg
Не бере гајле чија куќа гори, само да се стопли(fr)(nl) Искористува секоја поволна прилика без оглед на последиците по другите средина-десно NP-44.jpg
Влече трупец(fr)(nl) Измамен во љубовта да прави нешто бесцелно горе-десно NP-50.jpg
Од страв баба трча(fr)(nl) Вонредната состојба открива неочекувани особини горе-десно NP-49.jpg
Коњските лепешки не се смокви (fr)(nl) Да не нè излаже изгледот горе-десно NP-53.jpg
Ако слепиот го поведе слепиот, двајцата во јама паѓаат(fr)(nl) Нема смисла да ве води некој помалку кадарен од вас горе-десно NP-51.jpg
Уште не стасал, а црквата сосе кула ја гледа (fr)(nl) Да не се откажуваме пред да ја довршиме работата до крај горе-десно NP-52.jpg
Ништо не е така тенко испредено за да не излезе на светлина(nl) Ништо не може да се скрие засекогаш горе-десно NP-111.jpg
Држи око на едрото(fr)(nl) Да се биде буден и претпазлив горе-десно NP-54.jpg
Кака врз бесилката(fr)(nl) Ниедна казна не го оканува горе-десно NP-55.jpg
Кај има труп, таму лета гавранот(fr)(nl) Ако има знаци на нешто, тогаш веројатно е така горе-десно NP-113.jpg
Лесно се плови пред ветерот(fr)(nl) Со погодни услови, лесно се остварува замислата горе-десно NP-54.jpg
Којзнае зошто гуските одат боси?(fr)(nl) Сè си има причина, дури и кога не ни е јасна горе-десно NP-56.jpg
Нека ги гуските ако јас не ги пасам Не се мешај во нешто што не ти е работа горе-десно NP-56.jpg
Гледа како играат мечки[3](fr)(nl) Гладува десно NP-57.jpg
Дивите мечки меѓусебе се дружат[3](nl) Оние што се еснаф подобро се сложуваат десно NP-57.jpg
Го фрла капутот преку ограда(fr)(nl) Фрла нешто, не заејќи дали ќе му затреба подоцна десно NP-66.jpg
Не се плива спроти водотекот(fr)(nl) Тешко се оди против општоприфатеното мислење десно NP-65.jpg
Стомната оди по вода сè додека не се скрши(fr)(nl) Сè има свои граници десно NP-95.jpg
Најшироките колани од туѓа кожа се сечат(fr)(nl) Лесно се троши она што не е наше десно NP-67.jpg
Држи јагула за опашка(fr)(nl) Врши тешка задача десно NP-62.jpg
Пропадна низ кошот(fr)(nl) Му се разоткри измамата десно NP-59.jpg
Виси меѓу небо и земја(nl) Во непријатна ситуација е десно NP-59.jpg
Го зема кокошкиното јајце, а го пушта гускиното(fr)(nl) Носи лоша одлука десно NP-63.jpg
Се проѕева спроти печката(fr)(nl) Сака повеќе од што може да постигне долу-десно NP-64.jpg
Одвај стига од еден леб на друг(fr)(nl) Се мачи да преживее со расположивите средства долу-десно NP-69.jpg
Мотика без рачка(fr)(nl) Веројатно нешто бескорисно[4] долу-десно NP-96.jpg
Бара секирче(fr)(nl) Бара изговор долу-десно NP-71.jpg
Еве го, со неговиот фенер(nl) Конечно добива прилика да си ги покаже дарбите долу-десно NP-71.jpg
Секирче со рачка(fr)(nl) Веројатно значи „целото“[4] долу-десно NP-97.jpg
Истурената каша не се враќа во лончето(fr)(nl) Веќе стореното не може да се врати долу-десно NP-70.jpg
Му става спица во тркалото(fr)(nl) Прави сопки, осуетува нечии планови долу-десно NP-73.jpg
Љубовта е онаму кајшто виси ќесето(fr)(nl) Љубовта може да се купи долу-десно NP-107.jpg
Го истегнува најдолгиот крај(fr)(nl) Сака да добие предност долу-десно NP-74.jpg
Си стои пред сопственото светло(nl) Постапува спротивно од сопствениот интерес долу-десно NP-72.jpg
Никој во печка други не бара ако самиот не бил во неа(nl) Кој претпоставува злоба кај другиот открива злоба кај себе си долу-десно NP-72.jpg
Го врти светот на палец(fr)(nl) Ги има сите предности долу-десно NP-85.jpg
На Христа му врзува ленена брада(fr)(nl) Скрива задни намери под маска на благочестивост долу-десно NP-58.jpg
Човек мора да свитка ’рбет за да успее на светов(fr)(nl) За да се успее мора да се прават жртви долу-десно NP-84.jpg
Фрла рози пред свињи(nl) Троши нешто вредно на недостојните долу-средина NP-79.jpg
Го полни бунарот, а телето веќе се удавило(fr)(nl) Презема нешто дури откако катастрофата се случила долу-средина NP-75.jpg
Кроток како јагне(fr)(nl) Некој многу мирен и мил долу-средина NP-101.jpg
Го наметнува со син плашт(fr)(nl) Го лаже (изневерува) долу-средина NP-76.jpg
Пази да не се провлече црниот пес(fr)(nl) Да се внимава да не тргнат работите како што не треба долу-средина NP-110.jpg
Едниот го мота тоа што другиот го преде(fr)(nl) Двајцата шират гласини долу-средина NP-77.jpg
Носи воздух (ден) в кошница(fr)(nl) Си го трачи времето средина NP-78.jpg
Му држи свеќа на ѓаволот(fr)(nl) Секому се додворува за да се здружи средина NP-80.jpg
Му се исповеда на ѓаволот(fr)(nl) Му ги открива тајните на непријателот средина NP-81.jpg
Ѝ го исекоа стомакот на свињата(fr)(nl) Досетување отпосле или не може да се врати веќе стореното средина NP-83.jpg
Две кучиња за една коска нема да се договорат(fr)(nl) Се расправаат за една единствена тема средина NP-82.jpg
Црпалка за обирање(fr)(nl) Користи некого паразитски средина NP-102.jpg
Што ќе ти е убава чинија ако е празна?(fr)(nl) Убавината не ја заменува содржајноста средина NP-99.jpg
Лисицата и штркот јаделе заедно(fr)(nl) Двајца измамници секогаш мислат на својата корист[5] средина NP-87.jpg
Дува во уво(fr)(nl) Шири гласини средина NP-114.jpg
Става рецка со креда(fr)(nl) Му должи услуга средина NP-100.jpg
Месото на ражен мора да се врти(fr)(nl) Некои нешта бараат постојано внимание средина NP-116.jpg
Со него не можеш да вртиш ражен(fr)(nl) Не е склон за соработка средина NP-115.jpg
Седи на жар(fr)(nl) Нетрпелив е средина NP-88.jpg
Лови без мрежа(fr)(nl) Печали на туѓ труд средина NP-117.jpg

Наводи[уреди]

  1. Од список на кој се наведени поговорките и нивните значења, составен од Ликовната галерија во Берлин, препеч. од Hagen, стр. 36-7.
  2. Поради нечистотијата на сликата, кучето речиси не може да се распознае.
  3. 3,0 3,1 The exact proverb depicted is not known with certainty.
  4. 4,0 4,1 Точното значење на поговорката не е познато.
  5. Се однесува на Езоповата баснаЛисицата и штркот“.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]


Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Фламански поговорки“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).