Езопови басни
Од Википедија, слободната енциклопедија
Биста на Езоп
Езоповите басни или „Езопики“ се збирка басни припишани на Езоп (620–560 п.н.е.), роб и раскажувач од Стара Грција. Во овие кратки басни животните се персонификација на луѓето, со нивните најразлични карактери и ситуациите во кои се наоѓаат. Тие се доста популарни заради нивната поучна содржина за децата до ден денес. Многу од овие приказни како „Лисицата и грозјето“, „Желката и зајакот“, „Северецот и сонцето“ и „Овчарчето и волкот“, се добро познати ширум светот.
[уреди] Басни
Некои од најпознатите Езопови басни се:
- „Волкот во јагнешко руво“
- „Гавранот и бардакот“
- „Градскиот и селскиот глушец“
- „Гуската што несела златни јајца“
- „Жабата и волот“
- „Жабите што сакале крал“
- „Желката и зајакот“
- „Лавот и глушецот“
- „Лисицата и грозјето“
- „Мачката и глувците“
- „Мравката и скакулецот“
- „Овчарчето и волкот“
- „Пакосниот пес“
- „Песот и коската“
- „Песот во јасли“
- „Северецот и сонцето“
- „Селанецот и штркот“
- „Селанецот и змијата“
- „Скорпијата и жабата“