Феудална анархија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Под поимот феудална анархија се подразбира слободата којашто си ја придавале во начинот на живеењето пашите и беговите коишто биле потчинети на султанот.

Појава на феудалната анархија[уреди | уреди извор]

Со тек на време Османлиското Царство започнала осетно да слабее. Во тоа време преппоставените на султанот паши и бегови изразувале непослушност спрема него и од собираниот данок не плаѓале ништо на султанот. Тие дотолку ја прекршувале волјата на султанот што дури на своите проширени имоти имале и своја војска.Најпрвин биле помалку, но потоа станале повеќе вакви феудалци, а меѓусебно тие војувале за превласт на имотот. Ваквата појава се јавува во првата половина на XIX век и се нарекува феудална анархија.

Ваквите феудалци главно биле по еден во секој град, а во Македонија најпознати биле Абдурахман-паша од Тетово, Исмаил-бег од Сер, Џеладин-бег од Охрид, Реџеп-паша од Скопје, Алија-бег од Струмица и можеби најголемиот од нив Али-паша Јанински од Јанина.

Интервенција на државата[уреди | уреди извор]

По сознавањето на султанот за ваквата непослушност тој донел решение да се испрати војска за да ја стабилизира состојбата во овие краеви каде што се издигнала феудалната анархија.Најпознати интервенции на османлиската власт се кај Бабуна во 1831 година и кај Катланово во 1844 година.Во борбите со османлиската војска феудалците гинеле,биле заробувани или пак го губеле имотот.Сево вова било правено по желба на султанот.