Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ се одржува од 1992 година во чест на великанот на македонската глума, Ристо Шишков во Струмица. Од 2005 година фестивалот има меѓународен карактер. Фестивалот традиционално започнува на 8 септември, а бројот на театарски претстави и времетраењето на фестивалот се менуваат секоја година.

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ за првпат се одржал на 22 октомври 1992 година во Струмица. Примарна цел на овој фестивал е вреднувањето на глумечкото мајсторство пред сите останати компоненти кои го градат театарот во целост. Манифестацијата се отвори со изложба од фотографии на глумецот Ристо Шишков по кој е именуван и фестивалот.

На фестивалот се доделува единствена награда за високо глумечко достигнување. Наградата е златен медалјон со ликот на Ристо Шишков и парична награда од 1.500 евра во денарска противвредност. Досегашни добитници на наградата за високо глумечко остварување „Ристо Шишков” се: Мето Јовановски, Милица Стојанова, Благоја Чоревски, Владимир Ангеловски-Дади, Сенко Велинов, Игор Џамбазов, Диме Илиев, Мите Грозданов, Благоја Спиркоски-Џумерко, Зора Георгиева, Коле Ангеловски, Димче Мешковски, Перихан Ејупи-Туна, Јоана Поповска, Борис Чоревски, Младен Крстевски, Ѓорѓи Колозов, Владимир Илиевски, Елена Моше, Петар Темелковски, Митко Апостоловски, Ѕвезда Ангеловска, Соња Михајлова, Васил Зафирчев.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]