Успение Богородичино (Владимир)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение Катедрала во Владимир
Храм на Успение на пресвета Богородица
Поглед на катедралата
Основни податоци
МестоВладимир, Владимирска област, Русија.
Координати56°07′37″N 40°24′33″E / 56.12694° СГШ; 40.40917° ИГД / 56.12694; 40.40917
ПрипадностХристијанство
Обредправославен
Осветен1160
Духовно-организациски статусКатедрала од Владимир и Суздал Епархија
Културнонаследствен статусСписок на светско културно наследство
Архитектонски опис
Архитект(и)Архитект испратен од Царот Фридрих Први Барбароса
Архитектонски типРуска романика
Архитектонски стилВкрстено куполна црква
Ширина30,8 m
Висина (најг.)32,3 m

Успение на Пресвета Богородица (Владимир) (понекогаш наречена Катедрала Успение) (руски: Собор Успения Пресвятой Богородицы)[1] — православна црква на Руската православна црква во градот Владимир, катедрала на епархијата на Владимир. Станува збор за извонреден споменик на руското градителство изведена на бел камен од XII век, а сега е државен музеј. Во 1992 година била вклучена во списокот за светско културно наследство на УНЕСКО.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Катедралата е изградена помеѓу 1158 и 1160 година по наредба на кнезот на Владимир-суздаљското Кнежевство Андреј Богољубски. Во 1185 до 1189 година таа била проширена за да се исполни истакни престижот на Владимир[3].

Со своите 1.178 квадратни метри, тој останува најголемиот храм во Русија за следните 300-400 години. Во 1408 година била украсена со нови фрески изработени од Андреј Рубљов и Даниел Чорни[4].

Подоцна, овој градежен споменик служел како модел за други храмови, како што е црквата Успение во московскиот Кремљ[5].

Тоа е еден од ретките храмови во кои се зачувани фреските на Андреј Рубљов.

Во 1810 година била изградена камбанарија до катедралата.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Успенский кафедральный собор
  2. Успенский собор во Владимире
  3. „Успенский собор“. Архивирано од изворникот на 2020-02-25. Посетено на 2020-04-03.
  4. Краткая история
  5. Андрей Рублев

Литература[уреди | уреди извор]