Уж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уж
Уж кај Ужгород
Изворно имеУж, Uh, Ung
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоУкраина
Устие 
 • место
Лаборец
Должина127
Големина на сливот2.750 units?
Ширина 
 • просечна30
Особености на сливот
ТечениеЛаборецЛаторицаБодрогТисаДунавЦрно Море

Уж (украински: Уж, словачки: Uh, унгарски: Ung, полски: ) — река во Украина и Словачка.

Реката е извира од Карпатите и на крај се влева во Лаборец, која пак тече низ низините на Закарпатската област во западна Украина. Претставува извор на хидроенергија за низа стопански дејности, се користи за наводнување и како извор на питка вода. По течението на Уж се среќаваат неколку поважни населени места, од кои најважен е Ужгород, кој е наречен по самата река.[1]

Уж е долг 127 км, од кои 21,3 км се во Словачка. Се влева во Лаборец кај гратчето Драхњов во округот Михаловце, Кошички крај. Крај реката се наоѓа и полусрушениот Невицки замок

Реката ја исцртува словачко-украинската граница во должина од 1,5 км кај селото Пинковце.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на реката потекнува од стариот западнословенски збор уж, што значи змија.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Uzh River“. Canadian Institute of Ukrainian Studies. Посетено на 11 September 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]