Турско кафе

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шолја турско кафе.

Турско кафе е метод на подготвување кафе: фино мелено кафе се вари во ѓезве, често со шеќер. Турското кафе се служи жешко, во мали шолји за кафе (филџани) — талогот (кашестиот остаток) паѓа на дното на шолјата. Спротивно на популарното верување, ’турско кафе‘ ја опишува подготовката, а не самите зрна од кафе; не постои посебен турски вид на растението кафе. Овој метод е широко распространет низ Средниот Исток, Северна Африка, Кавказот и Балканот. Култура на пиење кафе е доста развиена во поранешните отомански земји и е доминантниот начин на подготвување таму.