Тумбенска гробница I

Координати: 40°56′42″N 22°32′34″E / 40.9450° СГШ; 22.5428° ИГД / 40.9450; 22.5428
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тумба I
Μακεδονικός Τάφος Σπηλιάς
Гробниците со информативна табла
Карта
МестоТумба, Ениџевардарско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°56′42″N 22°32′34″E / 40.9450° СГШ; 22.5428° ИГД / 40.9450; 22.5428
Видгробница
Историја
ИзграденoIV век п.н.е.
Раздобјемакедонско
Прогласено заспоменик на културата

Тумбенска гробница I (грчки: Μακεδονικός Τάφος στη Τούμπα) — древномакедонска гробница од IV век п.н.е. сместена кај селото Тумба, Гуменџиско, Егејска Македонија.[1][2]

Гробницата заедно со соседната Тумбенска гробница II се наоѓа североисточно од селото Тумба, на патот кој ја поврзува нераспознаената античка населба кај Тумба со древниот град Европ. Откриена е од археолозите откако веќе била ограбена. Претставува македонска гробница од IV век п.н.е., веројатно на член на хетајрите („Кралски другари“) — благородничката коњица која го придружувала кралот. Гробницата е изѕидана од варовник и украсена со гипс. Има една одаја со патека и двор, како и убава фасада со впечатлива двојна врата, коај е реставрирана. Над надвратникот има корниз, а рамката ѝ е извајана, но недовршена. Однадвор вратата била заглавена со големи камења, од кои некои сè уште се на нивното првобитно место. Во гробишната одаја има клине – погребно легло, изработен исто така од варовник, кој бил украсен со гипс.

Во 1986 г. гробницата е прогласена за заштитен споменик.[2][1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/57683/3282 π.ε./17-4-1996 - ΦΕΚ 294/Β/3-5-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 9 јули 2021. Посетено на 26 јуни 2018.
  2. 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ16/59168/2199 π.ε./1-2-1986 - ΦΕΚ 118/Β/19-3-1986“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Посетено на 28 јуни 2018.