Трета опсада на Мисолонги

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Опсада на Мисолонги
Дел од Грчка војна за независност
Eugène Ferdinand Victor Delacroix 017.jpg
Датум 15 април 1825 - 10 април 1826
Место Мисолонги, Грција
Исход Османлиско-египетска победа
Завојувани страни
Flag of Greece (1822-1978).svg Грчки револуционери Flag of the Ottoman Empire (1453-1517).svg Османлиска империја
Flag of Egypt (1882-1922).svg Египет
Команданти и водачи
Flag of Greece (1822-1978).svg Нотис Ботсарис Flag of the Ottoman Empire (1453-1517).svg Решид Мехмед Паша
Flag of Egypt (1882-1922).svg Ибрахим Паша
Сила
5,000 20,000 Османлии
15,000 помошна опрема
15,000 Еѓипјани
Жртви и загуби
8,000+ војници и цивили

Третата опсада на Мисолонги (грчки: Τρίτη Πολιορκία του Μεσσολογίου, често погрешно нарекувана како втора опсада на Мисолонги) претставува дел од Грчката војна за независност помеѓу силите на Османлиската империја и грчките револуционери и востаници. Опсадата траела од 15 април 1825 до 10 април 1826 година. Османлиите претходно не успеале да го вратат градот во 1822 и 1823 година, но истото им успеало во 1825 година со помош на поголема пешадиска сила поткрепена од морнарицата.

Позадина[уреди]

Мисолонги за прв пат бил под опсада од страна на Османлиите во 1822. Турците го блокирале градот од страна на морето со нивната морнарица од една страна, а од друга страна пак го нападнале преку нивната пешадија и артилерија. Во текот на 1824 година Османлиите се повлекле во своите бази во Тесалија. Во 1824 година пак починал Џорџ Гордон Бајрон.

Опсада[уреди]

Набргу по смртта на Џорџ Гордон Бајрон во 1824 година, Османлиите повторно го опседнале градот. На чело на Османлиите бил Решид Мехмед Паша придружуван од Ибрахим Паша, кој го држел под своја контрола заливот. Фредерик Адам се обидел двете страни да ги принуди да потпишат договор, но неговите напори биле неуспешни.

Ситуацијата набргу станала очајна за бранителите. По околу една година од опсадата на градот, грчките лидери Нотис Ботсарис, Китсос Цавелас и Маркис направиле план како да побегнат од градот. Бидејќи повеќе немало никакви резерви на храна и вода во градот, Грците одлучиле да ги нападнат Османлиите преку копнен пат. Така, околу 7.000 грчки војници го започнале нападот. Сепак, од нив, само околу 1.000 успеале повторно да побегнат назад во градот бидејќи Османлиите жестоко реагирале. По ова, следното утро Османлиите влегле во градот. Голем број на Грци биле убиени, заклани или однесени во ропство. Околу 3.000 отсечени глави виселе на градските ѕидини.

Последици[уреди]

Иако битката била катастрофална за Грците, сепак таа се покажала победничка за грчката кауза за кое Османлиите подоцна скапо ги чинело. По овој индидент, голем број на луѓе од Западна Европа почуствувале поголеми симпатии кон грчката страна од војната. По четири години, градот повторо бил вратен на Грците.