Османлиска инвазија на Мани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Османлиско-египетска инвазија на Мани
Дел од Грчка војна за независност
Датум 21 јуни - 28 август, 1826
Место Мани
Исход Победа на Грците
Завојувани страни
Mani Flag (Greece).svg Мани
Грција Грчки револуционери
Отоманска империја Османлиска империја
Flag of Egypt (1882-1922).svg Египет
Команданти и водачи
Петрос Мавромихалис Flag of Egypt (1882-1922).svg Ибрахим Паша
Сила
Вергас: 2,500 мажи + 2,000
Диро: 500 мажи и жени
Полицараво: 2,500 мажи
Вергас: 7,000 луѓе
Диро: 1,500 луѓе
Полицараво: 4,000 луѓе
Жртви и загуби
Вергас: непознато
Диро: непознато
Полицараво: 8 men
Вергас: 2,500,
Диро: 1,000
Полицараво: 400
Вкупно: 3,900

Османлиско-египетската инвазија на полуостровот Мани претставува дел од Грчката војна за независност и истата се состоела од три битки. На чело на Османлиите бил Ибрахим Паша. На 17 март 1821 година, жителите на Маниотс објавиле војна на Османлиската империја, кое претходело на претходните вооружени востанија и бунтови кои веќе биле започнати во поголемиот дел од Грција. Сепак, и покрај големите победи на востаниците, во целост помеѓу лидерите на револуцијата имало големи несоглесувања. Овие недостатоци биле искористени од страна на Османлиите, кои побарале помош од Египет. Засилувањето дошло од Египет, предводено од страна на Ибрахим Паша, кој бил син на лидерот на Египет, Мухамед Али. По само неколку месеци, Османлиите издвојувале победа во Мисолонги. По ова, своите позиции муслиманите ги свртиле кон полуостровот Мани.

Ибрахим се обидел во Мани да влезе од неговата североисточна страна на 21 јуни 1826 година, но во истото не успеал. Неговата војска броела околу 7.000 војници наспроти околу 2.500 на Грците. По првичниот неуспех на муслиманскиот сојуз следувало повлекување. Во август војната била обновена. На крајот од војната тие доживеале пораз и биле принудени повторно да се повлечат кон Египет. Полуостровот за последен пат бил нападнат од страна на Османлиите во т.н. Грчка револуција.