Трабант

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Логото на Трабант

Трабант (германски: Trabant) е автомобил произведуван од 1957 до 1991 година во Источна Германија. Тој е еден од најупотребуваните автомобили во И. Греманија и Источниот блок за време на студената војна. Најдобрите работи се тоа што има место за четири возрасни и плус багаж. Трабантот немал многу јак мотор, но сепак бил многу корисен. После падот на комунизмот во 1991 и на Берлинскиот ѕид, многу луѓе од Источна Германија со своите Трабанти отишле во Западна Германија и другите делови на Европа, па така Трабантите се рашириле. За да се наполни овој автомобил со гориво, потребно било да се подигне хаубата, да се стави горивото па да се измеша со масло. Овој систем не се сменил на сите 3.000.000 автомобили што биле направени во период од 30 години.

Модели[уреди]

1. Трабант P50—подоцна наречен Трабант 500 (лимузина и универзален (комби))

2. Трабант 600 (лимузина и универзален)

3. Трабант 601 (лимузина, универзален и кабриолет)

4. Трабант 601 S & Трабант 601 De Luxe (со додадена опрема како задни и предни светла за магла и задно бело светло)

5. Трабант 601 Hycomat (Направен за корисници кои се леваци. Вклучен е и автоматски менувач)

6. Трабант 800 RS (Рели верзија)

7. Трабант 1,1 (лимузина, универзален и кабриолет)


Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]