Том Јорк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Том Јорк
Јорк на фестивалот Lattitude, Сафолк, 2009.
Јорк на фестивалот Lattitude, Сафолк, 2009.
Основни информации
Родено име Томас Едвард Јорк
Thomas Edward Yorke
Познат(а) и како Tchock,[1] Tchocky,[2][3] Dr. Tchock[4][5]
Роден(а) 7 октомври 1968 (1968-10-07) (46 г.)
Велинборо, Нортхемтонсшир, Англија
Жанр Алтернативен рок
Електроника
Занимање Музичар
Инструмент Вокали
Гитара
Пијано
Клавијатура
Перкусија
Бас гитара
Програмирање
Тапани
Активност 1985—денес
Издавач XL
Други
групи и точки
Radiohead, UNKLE, Atoms for Peace

Томас Едвард „Том“ Јорк (роден на 7 октомври 1968) е англиски музичар кој е водечкиот вокалист и главен текстописец на музичката група Radiohead. Тој главно свири на гитара и пијано, но исто така има свирено на тапани и бас гитара (најмногу за време на сесиите за албумите „Kid A“ и „Amnesiac“). Во јули 2006 година тој го издаде неговиот дебитантски соло-албум, „The Eraser“.

Јорк е истакнат како една од највлијателните личности во музичката индустрија: во 2002 година магазинот „Q“ го именува Јорк како најмоќниот британски музичар[6], а во 2005 година Radiohead беа на 73. место на списокот „100 најголеми уметници на сите времиња“ на магазинот „Rolling Stone“. Јорк исто така е именуван и како еден од најдобрите пејачи во историјата на популарната музика: според анкетата од 2005 година организирана од списанието Blender и MTV2, Јорк беше изгласан на 18. место како најдобар пејач на сите времиња,[7] а во 2008 беше рангиран на 66. место на списокот на „Roling Stone“: „100 најдобри пејачи на сите времиња.“[8] Allmusic има напишано: „Малку рок-пејачи од 90-те беа оригинални и инстантно незаборавливи како Том Јорк“.[9]


Дискографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Том Јорк.
Поврзано: Дискографија на Radiohead

Наводи[уреди]

  1. All messed up“, „The Guardian“, 18 јуни 2006 (конс. 9 јули 2009). (англиски)
  2. „Thom Yorke to exhibit Radiohead artwork?“. „NME“. UK. 13 ноември 2006. http://www.nme.com/news/thomyorke/25051. конс. 9 јули 2009.  (англиски)
  3. „AllMusic - Tchocky - Overview“. allmusic.com. http://www.allmusic.com/artist/tchocky-p512222. конс. 9 јули 2009.  (англиски)
  4. Force, Chris (11 септември 2007). „Thom Yorke, Longtime Radiohead Artist Issue Art Collection“. alarmpress.com. http://www.alarmpress.com/1099/book-reviews/dead-children-playing. конс. 9 јули 2009.  (англиски)
  5. Jones, Alice. „The Dark Art of Radiohead“, „The Independent“, 25 март 2009 (конс. 9 јули 2009). (англиски)
  6. Боно е најмоќната музичка ѕвезда (англиски)
  7. Blender Magazine's 22 Greatest Voices (англиски)
  8. 100 Greatest Singers Of All Time“, „The Rolling Stone“ (конс. 21 февруари 2009). (англиски)
  9. Thom Yorke. Allmusic. Пристапено на 22 јуни 2010.

Надворешни врски[уреди]